Владата соопшти дека со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, од денеска прес-конференциите ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација.
Прашањата за прес-конференциите во текот на денот може да се испратат на [email protected] и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.