• Latest

Штипската болница ги чека резулатите за уште три лица тестирани на корона вирус

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Штипската болница ги чека резулатите за уште три лица тестирани на корона вирус

March 20, 2020 12:57
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Добра е здравствена состојба на четиригодишноте дете кое е првиот случај со корона вирус во Штип. Детето со мајката се сместени на Инфективното одделение. Се чекаат резултатите за тројца од семејството“, рече на денешната прес-конференција Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Надлежните од Центарот за јавно здравје дополнува дека кај нив се јавиле дополнително пет лица, кои биле во контакт со семејството и во текот на денот ќе бидат тестирани.

„Добра работа е што малата пациентка е во добра здравствена состојба и со лесна клиничка слика. Во тек се иследувањето на сите оние контакти, коишто биле со пациентката, коишто по препорака на епидемиолозите треба да се тестираат и ги чекаме резултатите за сите оние коишто биле во околината на пациенот“, вели Ѓеорѓијев.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека семејството е пристигнато од Англија на 14 март, а за тестираење се јавиле по појавата на симптомите кај девојчето. Директорот на штипската болница, Ѓеорѓијев потенцираше дека од денеска на сите пациенти кои ќе влегуваат во болницата ќе им се мери телесната температура, набавени се 18 далечински мерачи. Во штипската болница има два респиратори, а во тек е набавка на уште еден. Набавени се и заштитни наочари за сите лекари.

Апелираше пациентите да доаѓаат во болницата само во итни случаи, со цел да се штедат и ресурсите на болницата.

„Секој ден се трудиме да го заштитиме персоналот на болницата и на оние пациенти кои ќе дојдат на преглед во Клиничка болница-Штип. Пред два дена набавивме дополнителни 200 скафандери, а денеска сите вработени ќе добијат заштитни наочари“, вели Ѓеорѓијев.

Потенцираше дека сите амбуланти по 15:00 часот се дезинфецираат, поставени се и апарати за дезинфекција пред сите амбуланти, за да пациентите ги дезинфецираат рацете.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека до утринава во самоизолација се 345 граѓани кои допатувале од странство во своите родни места во источниот регион. Оваа бројка за разлика од вчера е зголемена за сто, се зголемува и бројот на лица кои со решение се под посебен надзор, во Штип ако вчера биле шест сега има дополнителни девет, со што бројката се искачи на 15.

Во текот на денот СВР-Штип ќе информира и колку кривични пријави се поднесени за непочитување на мерките за самоизолација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ