• Latest

Бајрактаров: Нудиме стручни совети за време на изолација, за да се спречи страв и депресија

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Бајрактаров: Нудиме стручни совети за време на изолација, за да се спречи страв и депресија

March 20, 2020 17:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните одговорија совесно на повикот на Министерството за здравство за консултации со специјалистите на Универзитетската клиника за психиатрија – Скопје, со цел добвање на психилошка подршка во денови на настанатата здравствена криза и вонредна состојба.

Директорот на клиниката, Стојан Бајрактаров, изјави за ЦИВИЛ Медиа дека голем е бројот на граѓани кои се јавуваат на објавените телефонски броеви и до сега ситуацијата е стабилна и нема знаци на поголем страв или друг психолошки товар.

„Се поголем број на граѓани се јавуваат и бараат соодветни совети. До сега може да констатираме дека нема знаци или симптоми на некоја депресија или други компликации. Тоа што е најважно е фактот дека граѓаните поставуваат адекватни и корисни прашања, се однесуваат совесно и ги почитуваат препораките“, изјави Бајрактаров.

Со цел да се излезе на помош на поголем број граѓани тој најави дека ќе се пришират линиите за помош на родители на деца кои се во изолација, како и на деца со посебни потреби, а сето тоа ќе се спроведе во соработка со УНИЦЕФ. Директорот на клиниката е задоволен од досегашниот тек на состојбите како и на психолошката состојба на заинтересираните граѓани за стручните совети.

Повеќе активност и внимание за децата

Стојан Бајрактаров дава и конкретни совети за родителите како треба да работат со нивните деца во период кога не треба да се излегува надвор. Најпрво не треба да се остават настрана лекциите и предметите кои ги прекинале со принудниот одмор.

„Во оваа ситуација треба повеќе внимание да им се посвети на децата. Ние и така живееме во ера кога децата се заразени со технологија и овој одмор и изолација има опасност повеќе да се користи за видео игри или гледање телефон. Имајќи предвид дека многу родители сега се подолго време дома, треба тоа да се користи за повеќе да се посветат на децата и да практикуваат интересни и различни активности. На пример, најпрво треба да не се остават лекциите кои гипрекинале, да читаат заедно и да вежбаат школски предмети. Освен тоа треба да се прочита и некоја книга за деца“, изјави Бајрактаров.

Во слободно време, Бајрактаров вели дека треба да се пази децата да не доаѓаат до контакт со информации за здравствената ситуација со корона вирусот, но и да не се поврзат уште повеќе со технологијата и смартфоните.

„Во слободно време, родителите треба да ги насочат децата повеќе на традиционалните игри како не лути се човече, монопол и други игри кои имаат активност и ќе го пренасочат вниманието од актуелната ситуација. За да не дојдат до непотребни информации поврзано со здавствената ситуација, децата треба да се активират на нешто. Ако ги завршуваат задачите и игрите, треба да се вклучат во помагање на мали домашни работи, чистење на куќата, редење на предметите во соба и слично. Исто така, треба просториите дома да се реорганизират и да се отвара повеќе простор за игри, активности и слично“, рече Бајрактаров.

На крај директорот на Клиниката за психиатрија ги советува сите граѓани да го користат времето за поголема посветеност на семејството и семејните врски. Имајќи предвид дека живееме во динамичен период кога заради работа сме имале помалку време за роднините, сега вели докторот, е моментот да седиме и да се зближиме повеќе со нив.

Доктор Стојан Бајрактаров ги повика граѓаните да не престанат со барање помош на отворените телефонски линии и тврди дека лекарите и специјалистите се достапни и активни со цел да се превенира нарушување на психолошката состојба на граѓаните се до надминување на ситуацијата.

За оваа цел, клиниката за психиатрија и Министерството за Здравство веќе отвориле телефонски линии за помош:

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст: 072 912 676

2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација: 072 919 009

3. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар: 070 241 807

Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ