• Latest

Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на корона вирус

March 25, 2020
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на корона вирус

March 25, 2020 17:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Пет од 29-те нови регистрирани случаи позитивни на корона вирусот се лица поврзани со заболената поранешна директорка на Клиника за кожни болести. Тие се асимтоматски, без симптоми на заболување, но нивните тестови за корона вирусот се позитивни. Лицата биле и ќе останат во домашна изолација, и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника.

Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, од вкупниот број лица поврзани со директорката, кои се во самоизолација, тестирани биле триесеттина, а позитивни биле само петте споменати. Во наредниот период, додаде министерот, ќе бидат тестирани и останатите лица.

„Од 29-те нови случаи пет се од Кожната клиника кои по 16 дена поминати во изолација се без никакви симтоми, но на направените контролни тестови, со оглед дека помина инкубацискиот период, тие имаат позитивен резултат. Лицата се во добра здравствена состојба, асимптоматски се, ќе останат во домашна самоизолација и согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од инфективната клиника“, рече министерот за здравство.

Според него, добро е што дел од новодијагностираните случаи се откриваат во рана фаза, заради тоа што, како што рече, тоа значи дека здравствениот систем може да ја амортизаира бројката на пациенти. Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што потенцира, од сите искуства од другите земји и од студии може да се види дека, покрај епидемиолошките анкети тестирањето кога ќе помине инкубацискиот период, најдоброто што може да се направи е почитување на самоизолацијата и прекин на социјалните контакти.

Министерот Филипче најави дека викендов или кон почетокот на следната недела ќе биде објавена  детална статистика што досега се случува со бројот на пациенти, јасно ќе бидат прикажани дијаграмите и бројките, но очекувањата со можен процент на грешка, согласно анализата на епидемиолозите.

Министерот Филипче рече и дека на Инфективната клиника пред два дена се направени и контролни тестови на четворица пациенти кои долго време се лекуваат таму и оти тие се негативни. Од четворицата, додаде министерот, тројца се во значајно добра состојба и кај сите ќе биде земен контролен брис во текот на следниот ден. Ако тој биде негативен, според Филипче, тројцата ќе се упатат на домашно лекување.

„Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно сегашните наоди на белите дробови,  клиничкиот статус, согласно тестовите исклучително се мали шансите во оваа фаза на лекување да дојде до компликација или влошување“, рече министерот за здравство.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ