• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 14: РСМ со пристап до европски солидарен фонд, 78 милиони МКД за реконструкција на Клинички центар, дигитални алатки во борба против Ковид-19…

April 1, 2020

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 14: РСМ со пристап до европски солидарен фонд, 78 милиони МКД за реконструкција на Клинички центар, дигитални алатки во борба против Ковид-19…

April 1, 2020 23:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржа видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, на кој разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ. Како што соопшти СЕП, двајцата се осврнале и на итната помош што ЕУ ќе ја додели на нашата земја преку итната помош и со пренамена на дел од ИПА средствата.

*

Владата додели 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за поефикасно функционирање и укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од коронавирусот и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар во услови на зголемен обем на работа за време на вонредната состојба.

*

Основното јавно обвинителство Скопје  денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Предложени се и казни од по 2.000 евра за секој од нив.

*

Владата донесе времена забрана за вработување во јавниот сектор, освен во здравството, се забранува и набавка на мебел, опрема и возила, а јавните претпријатија и АД во државна сопственост треба да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020, за да се намалат непродуктивните расходи во периодот на справување со здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот.

*

„Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се изработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови земјата“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, додавајќи дека апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.

*

„Министрите за надворешни работи на 30 држави на НАТО ќе разговараат в четврток на својата прва видео конференција во историјата, за одговор на Алијансата на пандемијата на коронавирус и други клучни прашања“, објави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

*

„Не може преставник на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која по цел свет раскажуваше дека имаме евтина работна сила со минимална плата од 8.000 денари, со работна сила поевтина и од Африка, денеска да кажува дека помош од 14.500 денари месечно е недоволна“, посочи Фатмир Битиќи, претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, одговарајќи на прашањето за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека помошта била мала и недоволна.

*

„Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелужуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но не смееме да дозволиме да биде паничен“, рече директорката на Инфективната kлинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“.

*

Вкупно 158, од 546 пристигнати иницијативи, одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Б. Јордановска


1 април, вонредна состојба, ден 14: Министерството за финансии со три сценарија за ударот на пандемијата врз буџетот, 25 новозаболени од КОВИД-19, една пациентка починала, Куманово бара прогласување на кризна состојба…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ