• Latest

„Лајм“: Ако ДУИ го злоупотреби судството, во самоодбрана ќе ги користиме “бомбите” со кои располагаме

February 17, 2016
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Лајм“: Ако ДУИ го злоупотреби судството, во самоодбрана ќе ги користиме “бомбите” со кои располагаме

February 17, 2016 18:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Весникот на албански јазик „Лајм“ упати отворено писмо до јавноста, по заканите на Демократската унија за интеграција со тужба за клевета и навреда, за објавени текстови во кои се наводно, навредени и на клеветени не само партијата, туку и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и пратеникот Артан Груби.

Во продолжение, интегрално го пренесувме писмото на колегите од „Лајм“ упатено до македонската јавност.

„Во вторник, во нашата редаксија пристигнаа пет барања за извнинување и повлекување на текстови, од Демократската унија за интеграција, нејзиниот претседател, Али Ахмети, како и од пратеникот Артан Груби, со образложение дека сме објавиле текстови со клевети и навреди. Во спротивно, најавуваат тужба против нас.

‘Лајм’ веднаш се конултираше со адвокати и нивните први впечатоци се дека барањата на ДУИ воопшто не се засновани. Меѓутоа, ниту еден од адвокатите не може да гарантира дека Судот ќе ги одбие најавените обвиненија, поради фактот дека ДУИ е партија на власт, а од друга страна, судството во Македонија е крајно партизирано.

Стравот на адвокатите е поголем и поради тоа што станува збор за политички субјект, за чии функционери беа објавени снимки, на кои се слуша како местат избор на судии и раководители на судови.

Исто така, станува збор за партија каде што се унапредуваат кадри кои се закануваат на медиуми и на новинари, како што е случајот со министерот кој откако се заканил на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, е унапреден во партиската хиерархија и станал еден од најблиските луѓе на претседателот на ДУИ.

И покрај ваквите проценки на адвокатите, ‘Лајм’ јавно ги извести ДУИ и јавноста дека немаме намера да се извинуваме за објавените текстови, бидејќи сме убедени дека во ниту еден момент не сме го прекршиле новинарскиот код.

Самиот факт што ДУИ не ја користи понудената можност од наша страна, да реагира или да ги демантира нашите текстови, а јавноста да процени кој е во право, ни дава за право да размислуваме дека тие не се подготвени да се соочат со нас со силата на аргументот, туку со аргументот на силата.

За разлика од ДУИ, ние сме подготвени да се соочиме со нив во еден фер и коректен судски процес. Во овој правец, уште вчера упативме повик до ДУИ да ја напушти Владата и контролата врз Министерството за правда, бидејки само на тој начин, ќе покажат дека се подготвени да се соочат со нас пред суд, како две рамноправни страни. ДУИ не одговори на овој наш повик, и затоа постои сомнение кај нас дека тие не се убедени во аргументите што ги поседуваат, туку сакаат да ја (зло)употребуваат позицијата на партија на власт.

Токму поради фактот што е веќе очигледно дека станува збор за субјект кој нема намера да се соочи во суд како рамноправна страна, можеби ќе бидеме доведени во ситуација и ние да превземеме вонсудски мерки.

Доколку ДУИ одлучи да ги користи власта и судството како оружје против Лајм, ќе бидеме приморани во самоодбрана да го користиме “оружјето” и “бомбите” кои ни се на располагање.

Затоа ја бараме вашата поддршка во оваа тешка битка која ни претстои, за одбрана на новинарската кауза од заканите на една партија, која додека е на власт, Македонија забележува пад во сите рангирања што ги прават релевантни европски и светски организации за слободата на изразување.

Во врска со оваа, сметаме дека е неопходно да ја потсетиме и предупредиме домашната јавност како и меѓународната заедница за фактот дека овие закани кон ‘Лајм’ се случуваат во исто време, кога се водат преговори за реформи во медиумите, со учество на сите поголеми политички партии, вклучувајки ја и ДУИ, како и во присуство на меѓународната заедница преставена од г. Питер Ван Хауте. Сметаме дека ваквото однесување на ДУИ не е случајно, туку е дел од нивната стратегија да се замолчи секој глас на несогласување и критика. Тоа ја доведува во прашање не само судбината на весникот ‘Лајм’, туку и на слободата на изразување во целина, како и воведувањето на цензура. Затоа, сметаме дека не е претерано убедувањето дека фронталниот напад на партијата на власт – ДУИ, треба да се смета како тестирање на подготвеноста на јавноста да ја прифати цензурата, со цел таа потоа да се примени и врз другите медиуми во земјата“, се вели во отвореното писмо на „Лајм“ до македонската јавност.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поддржува ставот на весникот „Лајм“ за слобода на медиумското изразување и против сите форми на цензура и ги поддржува колегите, да бидат истрајни во својата борба против сите напади врз медиумите и демократијата.

Tags: Али АхметиАртан ГрубиДУИЛајмНасер СелманиПитер ВанхаутеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ