• Latest

Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани

April 14, 2020
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани

April 14, 2020 12:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа туку и за граѓаните на Република Северна Македонија дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и во овие тешки моменти, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар.

Додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин и со ограничување на движењето поради здравствената криза.

-Граѓаните се за секоја пофалба и признание, поради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против короноавирусот и тоа покажува дека со посветеност, преку дисциплина и внимание и преку упорност, којашто ја има секој од нас, можеме да си помогнеме и себеси и на нашите семејствата и на државата, рече Спасовски.

Искажа голема благодарсност и признание на здравствените работици, кои беа на првата „борбена линија“ против невидливиот непријател, на македонсклата полиција и армијата, кои дадоа се од себе полесно да поминеме во оваа криза, на сите владини и локални институции, на градоначалниците и општинските оперативни штабови кои, како што рече, направија се да имаме доследна имплементација на мерките што ги донесе Владата   во изминатиот период.

-Поминавме тежок период, меѓутоа се уште се не е завршено. Периодот кој можеби беше најтежок во Дебар и Центар Жупа, меѓутоа во ниту еден момент од денеска натаму не треба да бидеме релаксирани, туку напротив да продолжиме со почитување на сите мерки и препораки коишто ги носи Влатата и се она што работат и препорачуваат општинските штабови, порача премиерот.

Посочи дека она што можеме  да придонесеме заедно и ефикасно е социјалната дистанца:

– Затоа ги повикувам сите граѓани на РСМ да направиме се да ги почитуваме мерките, а тоа е да останеме дома што е можно повеќе и заедно да придонесеме да го победиме ова зло на територијата на целата наша земја,нагласи Спасовски.

Сакам, речет тој, да ја искажам посветеноста на Владата да направиме се што е можно и да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните.

-Меѓуоа да направи и се што треба да направиме како Влада, да и помогнеме на економијата и во Дебар и Центар Жупа. Сите граѓани треба знаат дека ние сме тука, имаме план, се грижиме за тоа што треба да направиме. Во наредниот период ќе има многу мерки, веќе презентиравме два сет мерки на кои треба да се приклучат и компании од Дебар  и Центар Жупа, да помогнеме економијата да преживее, а со тоа да имаме добра подготовка за брзо и ефикасно заживување на економијата, рече премиерот Спасовски.

Задоволство од присиството во Дебар искажа и вицепремиерот и координарот за општинските кризни штабови Бујар Османи кој, како рече, секогаш бевме со жителите на двете општини и дадовме се од себе да помогнеме во справувањето со сосотојбата. Но,сепоак најголемо признание треба да им дадеме на граѓаните кои покажаа совеснот и достинство.

-Ги активиравме сите механизми за да бидеме во служба на општините со цел да се вратат во нормала. Ќе продолжиме и понатаму со сестрана помош, со почитување на мерките за спречување на проширувањето на коронавирусот, како и со цел меѓу другото да ги намалиме и социоекономските последици, за што Владата има свој план, рече Османи, кој исто така се заблагодари и оддаде признание и на сите вклучени инситруции.

И Спасовски и Османи посакаа побрзо закрепнунвање на заразените, а од името на Владата изразија счувство до семејствата на починатите.

Градоначалначалниците на Дебар и Центар Жупа, Хекуран Дука и Аријан Ибраим се заблагодарија на сестраната помош што Владата ја даваше и благодарсност за исполнувањето на барањата кои во одреден момент се појавуваа како приоритет.

-Општините Дебар и Центар Жупа се мали општини и со мали буџети но со многу обврски. Потребно ќе ни биде Владата да ни помогне во рестартирањето на економијата, во што искрено не се сомневаме. Сакаме да бидеме успешни и да излеземе со бел образ, рече меѓу другото Дука.

Тие им порачаа на граѓаните дека треба и понатаму строго да ги почитуваат мерките зашто „борбата со невидливиот непријател се уште не е завршена“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ