ПРОГНОЗИ Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека државата е подготвена и има организирани капацитети за следните месеци, а посебно за почетокот на есента кога, како што рече, ќе има нов бран на заболени од Ковид-19.
ДОНАЦИЈА Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) насочи 2,5 милиони евра кон „Охридска банка“ АД Скопје, со кои ќе се поддржат проекти за енергетска ефикасност во резиденцијални објекти.
ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука интензивно работи на тоа како ќе се организира школската година. Од Комисијата за заразни болести веќе се подготвени препораките не само како да се организира наставата, туку и други едукативни курсеви, симпозиуми, со одржување дистанца…
НАЈАВА Со парите од фондот за корона вирусот следната недела ќе се набави медицинска опрема. Досега се собрани близу 90 милиони денари од донациите од МојДДВ.
ДЕМАНТ Владата најостро ги демантира дезинформациите изнесени во некои портали поврзани со наводна расправија околу забраните за движење за време на првомајските празници. „Ја информираме јавноста дека Владата денеска не одржува седница, ниту пак таква седница е закажана за денеска, ниту пак имало било каква „жестока расправа”, ниту постои било каков план за дополнително заострување на мерките“ – се вели во демантот.
ПРИЈАТЕЛСТВО Справувањето со Ковид-19, последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово, биле теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео. Пендаровски изрази благодарност за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари.
СЕЌАВАЊЕ „27 април, очигледно, сѐ уште стои како потсетник на борбата меѓу лудилото и нормалноста. И за разликата меѓу нив. И ден денес, а веројатно и во годините пред нас. Дали ќе се повтори лудилото или ќе продолжиме да го победуваме – од нас зависи!“, пишува Петрит Сарачини во својата колумна во Midnight Express.