• Latest

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на уредбите за додатоци и надоместоци во јавниот сектор, за платите на избраните и именуваните лица и за СЈО

April 28, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на уредбите за додатоци и надоместоци во јавниот сектор, за платите на избраните и именуваните лица и за СЈО

April 28, 2020 16:45
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на уредбите за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на вработените во јавниот сектор за време на вонредната состојба, за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за СЈО.

Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека било одлучено да биде поведенана постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020) и за Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020).

Исто така се оценува уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020).

Во соопштението се наведува и дека Уставниот суд одлучил да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020) и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Уставниот суд одлучил да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението, Уставниот суд одлучил да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и на  Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ