• Latest

30 април, вонредна состојба, ден 43: Полицијата ја опструира хуманитарната помош од Заеви, Светска банка со поддршка од 140 милиони евра, по 2,5 години затвор за штипските насилници

April 30, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

30 април, вонредна состојба, ден 43: Полицијата ја опструира хуманитарната помош од Заеви, Светска банка со поддршка од 140 милиони евра, по 2,5 години затвор за штипските насилници

April 30, 2020 17:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви

Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител. Полицијата е и денеска пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев како скандал ја оквалификува акцијата на полицијата за стопирање на хуманитарната помош, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за партиска злоупотреба на државни институции и побара надлежните да спроведат истрага и да дадат одговори за настанот.

„Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани. Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците. ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација“, напиша Заев на Фејсбук.

Од СДСМ реагираат на вчерашниот полициски упад во магацините со донации на Заеви. Од таму велат дека скандалозно е тоа што структури на Наќе Чулев во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција.

„За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин  гледаат како им одмагаат на граѓаните.

Тие не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да грабаат од граѓаните.

Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО.

Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Наќе Отсјај ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

*

Истиот ден, пред да се случи полицискиот упад во магацините со хуманитарна помош од Заеви, полицијта приведе инспектор во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заработи кривична пријава за примање поткуп од фирма која ја контролирал за исплаќање субвенции. Инспекторот е фатен со парите од поткупот и е приведен. Од извори се дознава дека лицето И.Г. е член на ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР информираат дека отсекот за економски крминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Г. (38) од Струмица.

Од МВР информираат дека вчера во 8 часот на локалениот пат од село Бучим кон Радовиш, полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш го запреле возилото на И.Г. при што во возилото пронашле обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на фирмата од село Бучим.

БЛИЦ: Министерот Отсјај

Џабир Дерала: Најновиот скандал во кој се вплетка Наќе Отсјај е неговиот „одмазднички поход“ против хуманитарната акција на Зоран Заев и неговото семејство. Конвојот од шест полициски возила кои тргнаа во „политичка“ контрола на стотиците пакети хуманитарна помош е „балансот“ што тој сака да го воспостави со секојдневните скандали на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Николовски: Мерките и нивното почитување ја ставаат кризата под контрола, маските и дистанцата ќе бидат дел и од изборниот процес

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски додаде дека во партиските активности нема да има масовни собори, а комуникациите ќе се одвиваат преку дигиталните алатки.

„Почитувајќи ги сите мерки, ние ќе избегнуваме масовни собири и нивно организирање и се повеќе ќе се користат дигиталните, електронски начини на комуникација со граѓаните во целиот овој период, вклучително и во кампањата што претстои. Но пред се, добро е што бројката на заболени се намалува и што полека се движиме кон новото нормално секојдневие“ заклучи Николовски.

 

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во изминатите 24 часа се направени 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во Неготино, се жители на Демир Капија, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Со ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на КОВИД-19“, истакна Филипче.

Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти, и тоа во Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка  од Гостивар на 59 години. Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од  околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово“, рече Филипче.

*

На двајца пациенти кои се ковалесцентни, односно се во фаза во која се носители на антителата против коронавирусот денеска првпат им беше земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени

*

Се намалуваат индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и тоа води кон насока на стивнување на епидемијата со коронавирусот, тоа што го очекувавме во овој период, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче и посочи дека тоа е констатирано во неговиот разговор со Комисијата за заразни болести.

*

Од вчера, имаме уште еден канал за побрзо информирање на граѓаните со официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот. – Тоа е каналот „Коронавирус МК Koronavirus“ на апликацијата Вибер, преку која на граѓаните на својот мобилен телефон добиваат информации од Министерството за здравство и Владата, рече Филипче.

*

Во врска со активностите, случувањата околу Центарот за јавно здравје во Велес, Филипче рече дека до крајот на денот ќе биде назначен нов директор на таа јавна здравствена установа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Поддршката од Светска банка за Република Северна Македонија за справување со последиците од КОВИД-19 кризата ќе изнесува околу 140 милиони евра.  Околу 90 милиони евра од помошта ќе се наменат за нов проект за брзо дејствување против КОВИД-19, а останатите 50 милиони евра за мерката „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“ за работодавачи и самостојни вршители на дејност.

За ова беше дискутирано,  на состанокот на потпретседателот за Европа и Централна Азија на Светска банка Сирил Милер со вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерката за економија Мила Царовска, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска. Состанокот бил во рамки на виртуелните Пролетни средби на ММФ и Светска банка, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот учествуваше и наследничката на Милер, Ана Бјерд, која од 1 мај, по завршување на неговиот мандат, ќе ја преземе неговата функција.

*

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска појасни дека со измената на уредбата за субвенционирање на плати во стопанството ќе се поттикнат компаниите доколку имаат отпуштено работници над предвидениот процент од пет, 10 и 15 проценти, да ги вратат вработените на работа ако сакаат да аплицираат. Во случај пак кога некој од работниците доброволно заминал од работа или се работи за сезонски работници, тогаш компанијата ќе може да аплицира за мерката.

„Ние навистина се трудиме да го заштитиме секое работно место и промената во уредбата е точно во насока на заштита на работните места. Сметам и се надевам дека се работи за одредено недоразбирање или би рекла избрзана реакциј“, изјави денеска Ангеловска по вчерашните реакции на синдикатите и здруженијата на граѓани за заптита на работничките права.

*

По две и пол години затвор заработија двајцата насилници, кои во јануари малтретираа и тепаа 21 годишна девојка. Насилството го снимаа на мобилен, а беше објавено на 2 април. Пресудата денеска беше објавена во штиспкиот Основен суд, на објавата присуствуваше жртвата, но не присуствуваа насилниците, ниту нивниот бранител.

*

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираат дека се продолжува времетраењето на олеснетиот услов за утврдување на материјална необезбеденост. Наместо само за месеците април и мај, утврдување на материјална необезбеденост на домаќинство само врз основа на приходите во последниот месец, се продолжува до декември. Со оваа измена, велат од МТСП, се овозможува брза реакција на системот на социјална заштита и давање финансиска поддршка на домаќинствата кои останале без приходи во претходниот месец од разни причини – престанок на работен однос, губење на други видови приходи и слично.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Триесетина „распуштени“ пратеници од неколку политички провениенции му напишаа писмо/иницијатива на претседателот на Македонското собрание за „вонредно“ свикување собраниска седница, со оглед на големата заебанција што може да ти ја приреди животот, а не може да го пропише ниту еден устав на светот. „Првиот меѓу еднаквите“ во Собранието калкулантски се криеше и си молчеше со денови, за кога конечно се јави со став, да оцени дека се работи за обид за пуч од страна на иницијаторите на таквата идеја“, пишува на Сашо Орданоски во колумната „Талат Џафери во улога на Лорд Перси“.

*

Симона М. Живкова во колумната „Оној Груевски…“ пишува: „Оној Груевски, кого успеавме да го турнеме од престолот на власта, диригира преку своите пиони. Диригира преку Мицкоски, за кој верувам дека, да не беше управуван од безмилосниот диригент, сега ќе беше зад решетки, наместо пред микрофонот со напишаните говори од Будимпешта“.

*

Во колумната „Кој и зошто не сака реактивирање на Собранието?“, Џабир Дерала пишува : „Да ги оставиме на страна, за момент, урнебесно комичните димензии на македонската политичка сцена, почнувајќи од некои, знаете кои, технички министри, завршувајќи со собранискиот спикер и неговата „пуч“ филозофија. И сѐ помеѓу. Смеењето е здраво, но од многу смеење, најмалку што може да ви се случи е да ве заболи стомакот. Па, ајде да видиме што се случува со оваа иницијатива, да се реактивира Собранието, таа највисока демократска институција во една земја“.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ