• Latest
Добро утро со Орданоски

Талат Џафери во улога на Лорд Перси

April 30, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Талат Џафери во улога на Лорд Перси

April 30, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Триесетина „распуштени“ пратеници од неколку политички провениенции му напишаа писмо/иницијатива на претседателот на Македонското собрание за „вонредно“ свикување собраниска седница, со оглед на големата заебанција што може да ти ја приреди животот, а не може да го пропише ниту еден устав на светот. „Првиот меѓу еднаквите“ во Собранието калкулантски се криеше и си молчеше со денови, за кога конечно се јави со став, да оцени дека се работи за обид за пуч од страна на иницијаторите на таквата идеја.

Неверојатно. Ова е веројатно првпат во политичката историја на светот обид за илегално симнување од власт на легално избрани претставници од граѓаните (пуч) да се прави – дописно. Особено што повеќето од потписниците на тоа писмо ја претставуваат – власта во Собранието. Тоа би значело дека овие што се на власт – според ингениозната логика на избраниот од власта да го води Собранието – сакаат самите себе, со пучистичко насилство врз поредокот, да се симнат од власт?!

Ситуацијата е дополнително комична кога се знае дека токму претседателот на Собранието, според оние што не се на власт, е дојден на таа власт токму по пат на – пуч. Значи, тогашниот пучист се согласува со обвинителите за претходниот пуч дека овие сега него го штитат од нов пуч со кој тој би ја изгубил претходно пучистички освоената власт?! И дека своевремено симнатите од власт со пуч сакаат да останат и понатаму во опозиција, бидејќи не дозволуваат власта самата себе да се симне од власт по пат на – авто-пуч?!

Каква смејурија! Ваква перверзија на логиката не би можел да смисли ни Црна Гуја во прославените комични сценарија во серијалот за ревизијата на британската средновековна историја од времињата на Ричард Трети, Плантагенетите и Војводата од Јорк. Талат Џафери сигурно би го глумел Лордот Перси, најглупавиот од сите фиктивни ликови во таа безвремена телевизиска пародија. Се прашувам само кој би го играл Болдрик?

Талат Џафери, се разбира, не е глупав. Тој само остава впечаток дека е малку збунет и многу уплашен, па не може да си го контролира речникот со кој си ги правда недугавите постапки. Во пандемиско (не)време кога врвната демократска институција, Собранието, ти стои на непречено располагање за да не ја втурнуваш земјата од здравствена, во дополнителна политичка криза, треба како претседател на „Домот на демократијата“ навистина да ги имаш разни Болдрици (од скопскиот Правен факултет, на пример) за советници, за со најкукавичко пар-форфе да го предадеш уставниот легитимитет на Собранието, кое е врвната инстанца за толкување на законите, во рацете на потполно измислената институција „лидерска средба“ – за да ја решаваш уставната криза!

Среќа е што, истовремено, Уставниот суд на РСМ е (едногласно!) зафатен со ургентното спасување на личните приходи на уставните судии, инаку којзнае кој Вардар демократски ќе нè переше ако требаше тие нешто од доменот на својата работа да кажат по повод овој правно-политички преседан. Ќути, ефтино поминавме, ги превеславме за две плати!

Добро, добро, сега сето ова и онака е историја, бидејќи „пучистите“ сами ја повлекоа иницијативата кога сфатија со кого си имаат работа…

А, всушност, кога подобро ќе се размисли, можеби и самиот Џафери е дел од овој ингениозен маневар на власта: „Ви дадовме шанса да расправаме во Собранието за тоа како понатаму во политичкава криза? Не сакавте да прифатите, па дури и арогантно одбивте таква иницијатива делегитимирајќи го Собранието за каква било друга правна опција? Е, па, добро, тогаш одиме на избори, според утврдениот роковник од пред кризата… Аирлија да си го носите рејтингот!“

Којзнае, можеби Џафери, свесно или несвесно, два пати ќе излезе „пучист“ во модерната политичка историја на Македонија – еднаш „ономад“ и втор пат сега.

Ха-ха-хаааа, какви аматери виреат во македонската политика! Овие ни Рован Аткинсон не би можел да ги измисли. Срцки.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Tags: Болдриквонредна сосотојбадемократијаЛорд ПерсиРован АткинсонСобраниеТалат ЏафериУставен судЦрна Гуја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ