• Latest

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени

May 8, 2020
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени

May 8, 2020 09:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19  –  потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче откако по неколку дена пад и повеќе оздравени отколку заразени, вчера повторно се зголеми бројот на нови позитивни на коронавирусот.

Покрај новите заразени во Скопје и Велес, во евиденцијата за претходните 24 часа вчера беа регистрирани и пет новозаболени во Прилеп, по двајца во Куманово, Тетово и Битола и по еден во Штип и Крива Паланка.

Според Филипче, тоа се резултати од само еден ден и од нив засега не може да се извлече заклучок за скокот. – Во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани, рече министерот, додавајќи  дека денеска и утре ќе направи анализа за причините.

Вчера беше регистриран и уште еден починат пациент – на 70-годишна возраст од Велес, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес  Со него, вкупниот број на починати од заразата достигна 89. Од почетокот на епидемијата во земјава,  потврдени со КОВИД-19 се 1572,  оздравени се 1079, а активни случаи има 404.

Заразата во Велес од каде што се стигнати резултати за девет нови позитивни случаи, според градоначалникот Аце Коцевски, е точно лоцирана. Седуммина од нив се вработени во конфекцијата ЈУ-КА, а двајца се пензионери  кои тврделе дека седеле дома и оделе само до аптеки и до маркет да пазарат. Вкупниот број на заразени во  Велес со нив се искачи на 93.

Министерот Филипче соопшти дека Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг кој треба да почне следната недела. Се работи за околу 400 до 500 тестови согласно со индикациите по критични групи на граѓани.

Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти коишто треба да примат биолошка терапија односно категории за кои е важно да се процени ризикот и да се идентификуваат асимптоматските носители.

Скринингот ќе се прави со ПСР-тестовите преку матичните лекари. Во договор со Стоматолошката комора, брисови ќе се земаат и преку матичните стоматолози.

Монтажната болница, пак, која е подигната до Клиниката за инфективни болести и има капацитет од 72 кревета за кои сега нема потреба од користење, ќе може да функционира како ургентен интернистички центар. Тој ќе биде своевиден коридор и место за тријажа на пациентите – дали имаат или немаат коронавирус пред да се упатат до некоја  од клиниките.

Колку ќе трае полицискиот час викендов ќе се разговара на состанок денеска. Ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и, според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ