• Latest

Груевски е инфантилен и неодговорен, но не помалку опасен

March 2, 2016
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Тишината на институциите – гласна предизборна партиска промоција

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

August 8, 2025

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

August 8, 2025
Фото: Микола Кулеба/Х

„Не е поразлично од каталог за робови, ова е трговија со деца“ – руските окупатори лансираат „каталог“ на украински деца за посвојување, сортирани по боја на очи и коса

August 8, 2025

Меџити очекува дивоградбите во Чаир дека нема да биле „голема“ предизборна тема, ќе има мораториум

August 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025

Одбележување 24 години од загинувањето на 10 војници кај Карпалак во 2001

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Груевски е инфантилен и неодговорен, но не помалку опасен

March 2, 2016 13:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не помина ни ден по политички мотивираното убиство, вестите за насилство и сеење омраза продолжија да пристигнуваат. Тепачките, па нека се и обични хулигански и гангстерски, сега добиваат дополнително, политичко значење. Температурата расте. 

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

На социјалните мрежи се интензивираат штапските офанзиви преполни со говор на омраза и навреди. Цели чаршафи со низок, вулгарен вокабулар, кој, меѓу другото, сведочи и за простотилак, необразованост и непознавање на јазикот.

И тоа е само почеток. Политичкиот естаблишмент на Македонија, кој сѐ уште располага со парите на сите граѓанки и граѓани, а со душите, умовите и судбините на многумина, се служи со добропознатите методи на подземјето и со јазикот на бандите ќе ја продлабочи агонијата. Јас само се надевам дека нема да им успее. Не овој пат. Морбидно, но надеж за тоа дека луѓето нема да го „купат“ крвавиот трик ми дава реакцијата на кумановчани во мај, минатата година, кога се водеше 48-часовната „мала војна“ со терористичка (или криминална) група во Диво Насеље. Трагедијата во која загинаа осум полицајци од различно етничко потекло, од кои едниот од истата етничка заедница како и напаѓачите, не внесе раздор.

Напротив, Македонци, Албанци и Срби излегоа на кумановските улици и си искажаа доверба и поддршка. Не само што не се закрвија, туку оваа крвава епизода, која им донесе неискажлива болка на многу семејства, ги зближи луѓето. Тие ја протолкуваа „малата војна“ како наместена, инсценирана од власта, за да ги уцени граѓанките и граѓаните чие незадоволство растеше и кулминираше со импозантниот протест на 17 мај. Колку има вистина во тоа, допрва ќе се открие во истрагата за оваа грозоморна едночинка, но едно е сигурно – тие што сакаат да играат на етничко-верската карта ќе мора да вложат многу повеќе труд за да предизвикаат ескалација на насилството.

Screenshot 2016-03-01 14.10.25
Од архивата на ЦИВИЛ: Диво Насеље, Куманово, мај 2015 година

Ова не е вчерашна приказна. Во часовите на неизвесност дали парламентот ќе ја анулира својата гротескна одлука да се самораспушти во служба на уште една изборна кражба, мораме да го пресретнеме планот што веќе се остварува – да се внесе хаос и насилство, да се уништат што е можно повеќе животи, само за да се пренасочи текот на настаните. И да побараме од секој од нас одговорност и свест.

Инциденти ќе има. „Скопје мириса на инциденти“, напиша мојот колега Ермин пред неколку дена и со тоа најави уште една неизвесна пролет за Македонија. Да нема забуни – позициите и украдените пари ќе се бранат бескрупулозно и немилосрдно. Во изминатите години на авторитарно владеење, етно-верската карта беше најдобар адут на политичарите што не сакаа, а и не знаеја да му служат на народот, туку го употребуваа како „клоца“ против „ванхојтовци и катици“.

Тажно е да се живее во земја во која размислувањето и говорот се услов за живот или смрт. Живееме во земја во која послушноста е услов за тоа дали ќе јадеш денеска или не. Деновиве, повторно го изгледав документарниот филм „Немам ни за леб“, во кој еден граѓанин ја сподели својата „шема на исхрана“ пред камерите на моите колешки Бибе и Арбана. „Сиромав човек, жив ѓавол“, вели тој. „Во лебарите, ако една кифла денеска чини дваесет денари, утре е десет денари, а третиот ден, кога е како кал, таа чини пет денари. Значи, три такви кифли ќе си купиш, за 15 денари ќе го поминеш денот…“

Оваа анегдота од улиците на македонските градови ме следи постојано. И не знам што е пострашно. Тоа што има сѐ повеќе просјаци на улиците или „моралните просјаци“ што своето достоинство го трампаат за привилегии.

Имам уште многу да споделам денеска со вас, но во недостиг од време и простор, сакам да му оддадам признание на еден лик што внесе вистинска свежина во оваа трагикомедија од земја. Посредникот Питер Ванхауте, човекот кој, преку личен пример, покажа што е политичка култура и демократски дијалог, и притоа покажа креативност и духовитост, ретко видени кај нас. Тој ќе остане запаметен и по неговиот твит-меме за демократијата, кој стана хит на социјалните мрежи, а трн во окото на провладините медиуми: #Демократијата бара компромис, бара разумни луѓе, бара здрав разум, бара компетентни политичари, бара да се биде во служба на народот!

Партијата на Груевски толку се разбесни од неговата смиреност, посветеност и искреност, што цело едно писмо од меѓународната заедница во кое на властодршците им одржаа лекција поради неисполнетите обврски, го игнорираа и својот бес го насочија токму против него.

Иако Груевски во својот говор кај жените на ВМРО-ДПМНЕ споменуваше клоци за него и Катица Јанева, ниту тој, ниту СЈО не покажаа знаци на страв и колебање. Продолжија да ја работат својата работа, да се залагаат деноноќно за успех на процесот за излез од кризата. „Туристот“ (за каков што го смета ВМРО-ДПМНЕ, односно Груевски), Ванхауте продолжи да го вози својот велосипед и да твита.

За крај, имајте предвид дека, иако Груевски манифестира краен инфантилизам и неодговорност, тој не е помалку опасен. Етно-верските провокации што ќе следат, мораме да ги пречекаме подготвени, свесни и со отворен ум.

 

Текстот е објавен во Плусинфо и во Слободен печат на 24 февруари 2016 г.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскидемократијаМакедонијаполитичка кризачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ