• Latest

Пердуви летаат околу тронот на Мицкоски

May 14, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Пердуви летаат околу тронот на Мицкоски

Најдолги канџи пуштил Антонио Милошоски. Тој му е директно спротивставен на Александар Керозин Николоски. Тие ги острат своите политички сечила подолго време, а деновиве забрзано се спремаат за конечна пресметка по изборниот пораз кој очекуваат да го доживее партијата под водство на Мицкоски. Јавноста имаше можност да забележи дека овие двајца се натпреваруваат во јавните настапи да настапуваат порадикално и од самиот Мицкоски, а често и со ставови сосема спротивни на неговите.

May 14, 2020 16:24
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се ниша партискиот престол на Мицкоски… Уште првиот ден по неговиот избор на валандовскиот конгрес на 23 декември 2017 година, незадоволните сениори во партијата речиси отворено говореа за тоа дека внатрепартиските избори биле фарса. За изборот на Мицкоски за претседател покажаа со прст на Груевски кој веднаш удобно се смести на почесното претседателско место во партијата, а сега е и удобно сместен во азил во Будимпешта и ужива право на глас, како унгарски гласач.

Незаборавни се дворските интриги и политички „ликвидации“ на сите што се дрзнаа да проговорат против Груевски, почнувајќи од локалните намесници и капитени до Мијалков, братучедот на Груевски.

И покрај деталната чистка по целата вертикала на партиската хиерархија, битката за тронот на ВМРО-ДПМНЕ не стивнува. Таа особено се засили по поразот на претседателските избори во 2019 година. Корупциската афера позната под називот „Рекет“ за момент го оттргнат вниманието на претендентите на партискиот врв. Сепак, како што вниманието сѐ повеќе се насочува кон улогата на Мицкоски во оваа афера, така перничето на престолот на Мицкоски одново почна да се вжештува.

БИТКАТА ЗА ТРОНОТ Е ЗАПОЧНАТА

Пердуви летаат околу партискиот трон на Мицкоски. Заинтересирани за партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ има многу. Без оглед на тоа што партијата официјално е „шворц“, таа сѐ уште без мака спроведува скапи кампањи дури и во време на кризата со коронавирусот. Затоа, оваа партија, макар и тешко ранета, сѐ уште е примамливо место за градење политичка, а секако и бизнис кариера.

Битката за тронот се разгори особено по неколкуте сериозни политички грешки и на почетокот на годината, кога се формира техничката влада, а уште повеќе со почетокот на кризата од коронавирусот. За сега, агитпроп машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ вешто ги крие овие битки од очите на јавноста, нешто што им е во интерес и на оние што се борат за превласт во партијата и на Мицкоски, кој грчевито ја брани својата фотелја.

Претендентите за највисоката позиција во најголемата опозициска партија се познати. Меѓу нив се ликовите што секојдневно ги гледаме на партиската говорница, често во друштво со својот лидер, но зад кулисите сабјите се исукани.

КОЈ САКА ДА СЕДНЕ НА ПРЕСТОЛОТ?

Еден од нив, погодувате, е „џорчевецот“ Владо Кендо Мисајловски кој, охрабрен од секојдневните политички пехови на математичарот Мицкоски, веќе ја плете својата заговорничка мрежа за решавачки поход на партискиот трон. Нему му е спротивставен ладниот Александар Керозин Николоски, кој ќе остане запаметен по тоа што искеширал 127.000 евра за патни трошоци од Собранието. И двајцата се кадар на Груевски кои за себе веруваат дека подобро би ја воделе политичката борба за оддалечување од евроатлантските интеграции и враќање на режимот.

Тука се и „Американецот“ Влатко Ѓорчев, Коце Жолта Чизма Трајановски и неколку други кои се очекува да ги изнесат своите амбиции на светлото на денот во скоро време, кога ногарките на тронот на Мицкоски ќе ги изедат црвите на политичките апетити.

На тронот на ВМРО-ДПМНЕ, од троа подалеку, со желни очи гледаат и други ликови кои веќе подолго време не се во добри односи со азилантот. Меѓу нив секако е Братучедот кој има свои апетити, планови и адути во ракавот. Реформаторите, пак, продолжија, секој по својот пат, некои внатре во партијата, деградирани од Груевски, некои надвор од партијата. Највидлив и најуспешен до сега изгледа Македонскиот концепт кој го поведе еден од Реформаторите, Петар Богојески.

НАЈДОЛГИТЕ КАНЏИ

Да се вратиме на „играта на троновите“ внатре, во ВМРО-ДПМНЕ. Најдолги канџи пуштил Антонио Милошоски. Тој му е директно спротивставен на Александар Керозин Николоски. Тие ги острат своите политички сечила подолго време, а деновиве забрзано се спремаат за конечна пресметка по изборниот пораз кој очекуваат да го доживее партијата под водство на Мицкоски. Јавноста имаше можност да забележи дека овие двајца се натпреваруваат во јавните настапи да настапуваат порадикално и од самиот Мицкоски, а често и со ставови сосема спротивни на неговите.

Кога се составувале кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, на кои Мицкоски избегна да се стави, Николоски жестоко се борел да биде носител во ИЕ4, каде што Зоран Заев го предизвика токму Мицкоски. Ова не е ништо друго, туку сигнал дека, ако се одважил да му биде противник на Заев во Четворката, тргнал во битка за престолот и во партијата, битка што станува сѐ поизвесна со секој ден.

Забележано е дека и Николоски и Милошоски веќе подолго време работат на терен. Тие се обидуваат да придобијат што е можно повеќе членови и локални структури, секој на својата страна. Симптоматични се и нивните провокативни „корекции“ на изјавите на Мицкоски за темите „Рекет“ и македонско-бугарски односи. На овие теми Мицкоски е прилично слаб и неубедлив и не може да ја скрие својата ранливост и нервоза.

Имено, личната поврзаност на Мицкоски со протагонистите на корупциската афера „Рекет“, како и неговото ветување кон Бојко Борисов дека ќе го поддржи Договорот со Бугарија по изборите, го доведува во крајно непријатна позиција. Овие двајца (од многуте) претенденти на престолот во Белата палата не се колебаат да ги искористат сите, па и овие две многу слаби точки на штитеникот на Груевски.

ПОЛИТИЧКА КРВ

Политичка „крв“ сѐ уште не е пролеана, но прашање е на денови кога и тоа ќе се случи. Ситуацијата на партијата е таква што изгледите за значаен изборен успех ѝ се ронат од час во час. Тоа, секако, е главната причина зошто Мицкоски очајнички се обидува да ги одложи, со надеж дека ќе ја консолидира својата моќ. Дополнителна главоболка му се и сомнежите дека не сите на неговите кандидатски листи му се лојални нему и на газдата од Будимпешта, така што ресетирање на изборниот процес му е многу потребно, за да ги прочисти сите „сомнителни лица“ во партијата.

Се разбира, и првиот и последниот збор сѐ уште е на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ е негова партија во секоја смисла на зборот. Барем сѐ уште. Затоа, битката за превласт во партијата, всушност, е битка за милоста на газдата во азил. Тешко е веројатно дека во врвот на партијата има некој што се протнал низ тесниот идеолошки и бизнис „филтер“ на Груевски.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар НиколоскиАнтонио МилошоскиВладо МисајловскиВлатко ЃорчевКоце ТрајановскиНикола ГруевскиХристијан Мицкоски
Share128Tweet80Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ