• Latest

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

May 16, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

May 16, 2020 19:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.674.580. Од нив починале 310.271, а оздравеле 1.785.086 луѓе.

– Во Хрватска евидентирани се уште два нови случаи на Ковид-19, со што бројката на заразени изнесува 2.224 луѓе. Оздравеле 1.913 лица, а 95 починале.

– Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, бројот на заразени од новиот коронавирус во Косово изнесува 955. Од нив, излекувани се 691 лице, додека починаа 29 заболени, така што официјалната бројка на активни случаи, вклучително податоците за минатиот ден, изнесува 235. Вчера беа извршени 236 тестирања, при што се регистрирани десетмина новозаразени и еден излекуван. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај. Владата на Косово најави дека од понеделник, 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно, како и овозможувањето работење на одредени, главно мали, бизниси. Според официјалните информации од Институтот за јавно здравство на Косово, заклучно со вчерашниот ден, во неговата лабораторија за микробиологија се извршени вкупно 11.178 тестирања.

– Во Грција, две лица починаа, а регистрирани се девет нови случаи во изминатото деноноќие. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 2.819 заразени лица со Ковид-19, а починаа 162 лица.

– На Кипар, во изминатите 24 часа од 1.564 направени тестови, резултатите биле позитивни кај четири лица, со што бројот на заразени се зголеми на 914. Новите случаи се од анализите спроведени кај учениците и вработените во училиштата.

– Во Србија во последните 24 часа уште три лица починаа од коронавирус во Србија, сo што вкупниот број на жртви се искачи 228. Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 6.076 лица, а кај 58 е потврден коронавирус. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се вкупно 10.496 лица, а излекувани 4.479 граѓани.

– Во Иран во последните 24 часа од последици на новиот коронавирус починале 35 луѓе, што е најмала бројка на смртни случаи од 7 март. Но, во исто време е забележано најголем пораст на новозаразени – 1.757 луѓе. Во Иран вкупно се заразени 118.392 лица, од кои 6.937 починале.

– Белоруските медицинските експерти денеска предупредија дека врвот на епидемијата со Ковид-19 во земјата се очекува да биде кон крајот на месецот. Досега во Белорусија регистрирани се 28.681 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 160 починале, а 9.498 оздравеле.

– Во Велика Британија во изминатото деноноќие починале 468 луѓе од последици од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи се искачи на 34.466. регистритани се 3.450 новозаразени лица, а вкупниот број на инфицирани лица изнесува 240.161.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ