• Latest

Сугарески: Од почетокот на годината досега, Министерството за транспорт и врски со реализација на капиталните инвестиции од 15 отсто

May 20, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Сугарески: Од почетокот на годината досега, Министерството за транспорт и врски со реализација на капиталните инвестиции од 15 отсто

May 20, 2020 15:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски од почетокот на годинава досега изнесува 15 отсто, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на изведба на градежните работи на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат Велес-Градско.

–Со силно темпо се работи на сите капитални проекти низ државата, како во делот на комуналната мрежа, гасификацијата, изградбата на социјални станови и железничкото поврзување на земјата, така и во делот на патната инфраструктура, изјави министерот Сугарески.
Тој информира дека ги започнале постапките за изградба на магистрален гасовод од Велес до Свети Николе.
–Проектот ќе биде финансиран со кредит од ЕБОР, па затоа многу ни е важно да имаме избори и да се формира Парламентот, за да може преку закон да се обезбедат средства како за овој капитален проект, така и за други проекти од огромно значење за граѓаните и за економијата во целост, потенцира Сугарески.
Тој информира дека Министерството работи на подобрување на состојбата со целокупната патна мрежа низ државата, а Велес е град кој максимално ги користи средствата за капитални проекти.
Потсети дека во соработка со локалната власт со Општина Велес,  Министерството работи на санација на водоводната и канализациската мрежа низ 12 велешки улици проект вреден над 600 илјади евра.

– Исто така, во текот на месец јуни ќе започне изградбата на  систем за снабдување со вода за населените места: Раштани и Бузалково, информира Сугарески.

Дададе дека  во фаза на подготовка е и основен проект за изградба на 29 социјални станови во Велес.

Тој информира дека во делот на патната инфраструктура, ЈП за државни патишта реализира неколку проекти за подобрување на патната мрежа во Велес и околината, а преку Министерството за траснпорт и врски се  обезбедени милион евра за санација на улици и локални патишта во општината.
– Посветено работиме на унапредување на овој регион и планираме нови проекти во Чашка, Богомила, Градско, Велес и другите населени места, инвестирајќи преку 70 милиони евра, информира Сугарески.

Директорот на ЈПДП Зоран  Китанов воедно информира дека веднаш во јуни ќе се објави тендерот за проект изготвен минатата година  за  рехабилитација на регионалниот пат од Велес  до Градско и понатаму до Неготино.

Тој информира дека во поширокиот регион на Велес почнува или ќе започне рехабилитацијата на патот  Голозинци крстосница Горно Врановци, потоа Стари Град крстосница Богомила, Богомила-Црнилиште, Оморани-Теово.
Воедно пред околу еден месец на излезот Велес-југ кон автопатот  првпат е поставено најсовремено  осветлување со лед диоди  со канделабри во должина од четири километри.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ