• Latest

Две белешки за верско-политичкиот блуд

May 22, 2020

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Две белешки за верско-политичкиот блуд

Ќе ја искористат ли националистите (од двете страни) корона кризата и рамазанскиот карантин да предизвикаат етно-верски тензии за да го поправат својот предизборен рејтинг?

May 22, 2020 07:32
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Белешка 1: Мрачната кохезија меѓу клерот и политиката во пресрет на корона-Бајрам, а после корона-Велигден (актуелна ситуација)

Наќе, Сулејман и Стефан се другарчиња. Но тоа друштво е многу поголемо и има огромна моќ. Што можеме да очекуваме од вакво друштво во овие денови на корона криза, политичка неизвесност и инфодемија?

После ризичниот Велигден, нѐ чека уште поризичен Рамазан Бајрам. Христијанското „божје стадо“ тотално го игнорираше Велигден-карантинот, со „благослов“ од Стефан-МПЦ и од Наќе-Отсјај, но и многу пошироко, од политичко-институционалната палета во државата. Па гледавме гротеска од верски „пркос“ против коронавирусот, а бројките на заразени по одредено време си го кажаа своето.

Сега, Сулејман-ИВЗ „херојски“ му пркоси на карантинот за Рамазан Бајрам, со отворена најава дека неговото муслиманско „божје стадо“ нема да го почитува полицискиот час. Се заканува и со „довербата на гласачите“. Дека до сега ептен ги почитуваа мерките, џанам…

Има ли политичка игра во ова? Ако да (а нема причина зошто не), таа може да биде крајно опасна и насилна. Ќе јурне ли „херојот на отсјајот“, другарчето на еден воен злосторник (да не му го спомнувам името, да не си ја валкам страницава) во одбрана на карантинот? Ќе го искористат ли националистите (од двете страни) корона-Бајрамот, чиј предизборен рејтинг е на стаклени нозе?

Имаат одлична можност за извлекување болен политички профит од ова. Со Наќе во МВРО, и Сулејман (близок до знаеме која партија) во ИВЗ, нема да им биде проблем да предизвикаат тензии и омраза меѓу полицијата и муслиманите. Се разбира, за сето тоа да прерасне во криза и можност за пумпање на ослабениот рејтинг, ќе се погрижи агитпроп машинеријата со куртоните на врвот од ‘рѓосаното копје на националистите (боже ме прости, не можам да му избегам на називот куртони, што сам си го даде Латас).

Затоа што, за да успеат националистите и криминалците, потребни се деструкција, тензии, насилство и, по можност, барем малку крв. Тоа е искуството од минатото, од кое никако не успеваме да извлечеме поуки.

Ова мрачно политичко-клерикално сојузништво е уште еден ризик за политичко-безбедносносто здравје на нашата кревка демократија, силно затресена од коронавирусот, без парламент, со избори кои сѐ уште висат во воздухот.

Можеби вирусот е опасен по здравјето, но оваа мрачна кохезија меѓу интересите на клерот и деструктивните политичари е уште поопасна. Затоа, внимателно!

Белешка 2: Вечното блудничење меѓу клерот и политичарите (општ поглед)

Така е, блудот меѓу политичките лидери и клерот е вечен. Политичарите, за да се „обоготворат“ ја контролираат или молат за поддршка од клерот. Приказна толку долга и комплексна, што ако ви ја почнам овде, може да го пропуштите и измислувањето на вакцината против коронавирусот…

И додека негувам длабока почит кон интимните духовни врски меѓу поединецот и тоа што, секој поединечно, во себе го доживува како Господ, Бог, Алах, небесна сила, надземно, божествено, спиритуално (…), како што минува времето, сѐ повеќе сум разочаран и разгневен од отвореното блудничење меѓу клерот и политичарите.

Црквата и џамијата (МПЦ и ИВЗ) не престанаа да се занимаваат со политика, откако станавме самостојна, плурална демократија, а нивната распрденост низ општественото и политичкото секојдневие на луѓето веќе одамна ги помина сите граници на подносливото. Таман и да сум религиозен, никогаш не би им ја подарил мојата доверба на бизнисмените со „божјите пораки“.

Безбожништвото на верските институции, нивното арогантно мешање во политиката и дрската злоупотреба на верата на луѓето во Бога, е гангрена на македонската демократија. Со бројките на своите следбеници, тие дрско уценуваат и се богатат на сметка на граѓанките и граѓаните. И тоа тројно!

Секој ден се богатат од бакшишите за „консултантските услуги“ во посредувањето меѓу лековерноста и стравот на луѓето и тоа што го продаваат како божја работа. Колку и да се сиромашни луѓето, тие ќе одвојат од устата и на своите деца, за да тутнат пари во меките, негувани, благо испотени и дебели прстиња на поповите и оџите, во надеж дека така ќе се доближат до небесните двери и божјата милост.

Богаташите, во надеж дека ќе ја смират својата совест и ќе си обезбедат плац на небесните пространства, од страв дека може да горат во пеколот поради своето среброљубие (и други гревови) им градат цркви и џамии и богато ги даруваат „божјите агенти“.

И на крајот, најстрашно од сѐ, калкулирајќи со влијанието на клерот кај луѓето (гласачите), политичарите ги товат со крупни крвави парчиња од телото на секуларноста. „Крвави“ не е само стилско зајакнување на реченицата, туку е потсетување на историјата на човештвото кое веќе илјадници години живее под бруталниот, безбожнички јарем на верските администрации низ времето. Секуларноста, одвоеноста на верските заедници од државата, е бесценета придобивка на модерното доба, која политичарите премногу лесно ја ставаат во скутот на клерот.

Со јасно поделени територии и заробување на умот на своите верски следбеници, МПЦ и ИВЗ се добри сојузници со секоја власт и жестоки верско-политички конквистадори. Тие безмилосно се пресметуваат со секој, и најмал, обид да им се ситни паствата. Нивниот пазар е поделен на православни христијани и муслимани, а други заедници, било верски (протестанти, на пример), било световни (атеисти), за нив се опасна конкуренција, колку и да е мала. Затоа што секој денар им е важен, секој атом влијание го сметаат за пресуден.

Наместо заклучок: Само небото е безгранично

Ќе завршам каде што започнав. Искрено и длабоко ја почитувам личната одлука на секој човек да изгради мост кон божественото (што и да е тоа) и да живее со таа благородна заблуда до крајот на животот. Кој бил во право, тие или атеистите, нема никогаш да дознаеме. Но клерот е како политиката, секогаш треба да бидеме будни и претпазливи со нив. Особено кога се работи за Балканот…

Имаат повеќе пари отколку што можеме да замислиме, ги имаат политичарите, ги имаат душите на луѓето… Овие мрачни сили на земјата, немаат врска со тоа што проповедаат дека е на небото. Но, само небото е безгранично. Нивната моќ, нека е и милениумска, има ограничен рок на траење.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Плеј листа БЕЗ ФИЛТЕР на видео каналот на ЦИВИЛ
Рубрика: БЕЗ ФИЛТЕР

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ