• Latest

21 мај, вонредна состојба, ден 63: Заменичка министерка од ВМРО-ДПМНЕ кочи 90 милиони евра за борба со КОВИД-19, Чулев фатен во небрано, ИВЗ над законот…

May 21, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

21 мај, вонредна состојба, ден 63: Заменичка министерка од ВМРО-ДПМНЕ кочи 90 милиони евра за борба со КОВИД-19, Чулев фатен во небрано, ИВЗ над законот…

May 21, 2020 17:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Филипче: Заменичката министерка за финансии Димитриеска-Кочоска ги кочи средствата за опремување на клиниките за справување со Ковид-19

Околу еден месец дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска го кочи проектот за справување со коронавирусот вреден 90 милиони евра, средства од Светската банка кои, меѓу другото, се наменети за кревети за интезивна нега за сите инфективни одделенија во државава, за лабораториски капацитети…

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче при што информираше дека Димитриевска-Кочоска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати и било одговорено. Според Филипче, прашањата на заменичка министерка за финансии и се повторуваат, а со таа нејзина постапка на одолговлекување, не се одобруваат средствата за здравствениот систем, односно за ургентна поддршка за зајакнување на капацитетите  за третман на ковид-пациенти.

„Средствата што се одобрени, а не ги одобрува Димитриеска Кочоска, ќе помогнат да ги опремиме сите инфективни оделенија во државава, пред се со кревети за интензивна нега , машини за сликање, лабораториски капацитети и друго. Има еден дел од средствата за едукација на лекарите, потоа за надградување на епидемиолошките центри со комплетна опрема, односно овие средства се за сите аспекти кои ги покрива Ковид вирусот“, појасни Филипче.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ангеловска: Чулев предложил кратење на буџетот на МВР, пред да предложи награди за полицајците

„Јас морам да кажам дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше навистина кооперативен при правење на ребалансот и тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР. Тој предлог беше ефектуиран и морам да кажам дека овој пат, при овој ребаланс поставивме стандарди и концепт да ништо на своја рака Министерството за финансии не кратеше. Сите кратења, сите прераспределби и промени се на барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето кое било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена по скроен ребаланс, мора да бидеме сите реални. Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залага за да ги награди сите кои заслужиле кога ќе имаме целосна контрола врз вирусот и сите ќе ја добијат наградата и заслуженото”, рече министерката за финансии Нина Ангеловска, (одговорот е на 1:13.00).

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/775608812969736/UzpfSTExMTY3NTA2MDIwOTY5ODoyNjc1NTc4NDc5NTQ3NTE/

БЕЗ ФИЛТЕР: Итни прашања за Наќе Чулев

видео колумна на Џабир Дерала

Неодговорените прашања се како нерешени убиства. Тие постојано се враќаат. Постојано го тормозат оној што не ги решил убиствата, односно не одговорил на прашањата.

За денеска имаме неколку навистина итни прашања кои сакаме да му ги поставиме на г. Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19.

– Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1 и Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2 и Кочани 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

*

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, излекувани се пет пациенти со крвна плазма.

„Задоволен сум што целиот труд, мерки, грижа на здравјето на пациентите даваат резултати. Сите јавно-здравствени установи се на ниво на задачата. Покажавме стручност, спремност и мобилизираност за заштита од оваа непозната болест.  Поради сето ова, не го оптоваривме нашиот здравствен систем. Имаме поголем број излекувани пациенти, отколку на заразени. Да продолжиме да ги применуваме препораките“, рече Филипче.

*

Институтот за трансфузиона медицина денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмафереза. Овој апарат, институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање конвалесцентна плазма.

*

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со КОВИД-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

*

Приведени 30 лица од 38 кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во државава. За осум лица ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Исламската верска заедница уште пред три дена испрати писмо до Владата, главниот координативен кризен штаб и Комисија за заразни болести во кое ги предупреди дека ако се воведе полициски час целиот викенд, за време на празникот Фитр Бајрам, тогаш тие како компетентни органи ќе ја изгубат довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори.

Сепак, иако Владата сè уште не донесе одлука дали ќе има полициски час за време на празниците Фитр Бајрам и Св. Кирил и Методиј, како што предложи Комисијата за заразни болести, од ИВЗ не ја чекаат одлуката и издадоа насоки и мерки кои треба да се спроведат во секоја џамија при обавувањето на намазот на Фитр Бајрам.

*

„Бидејќи сме во техничка Влада секој еден предлог односно закон за задолжување го потпишуваме заедно јас и дополнителната заменик министерка. Претпоставувам дека реакцијата е со цел бидејќи се чека да се потпише овој заем“, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за известувањето од Светска банка во врска со заемот за справување со КОВИД-19.

Заемот, појасни Ангеловска, беше преговаран пред две недели во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Министерството за здравство, кои треба да ги користат средствата за справување со КОВИД-19 кризата.

*

„Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот ‘Теретана‘“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа додаде дека за лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.

„Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е „отсјај“ од светлото. Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза“, рече Кузеска.
СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала во својот рафал „МВРО во неговото најлошо издание“ пишува: „Доволно е да се набројат само неколку од познатите скандали што ги предизвика техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за човек да види дека ѓаволот ја однел шегата, иако настаните изобилуваат со комичност. Доволно е да се знае дека, уште од првиот ден, Наќе работи единствено под директивите на својот партиски шеф, Христијан Мицкоски. Можеби на луѓето тоа не им значи многу, бидејќи се навикнати – преживеале режим 11 години, па ќе издржат уште некој месец. Но, не е така. Кога МВР зависи од волјата на една партиска клика, а не од законот, безбедносното здравје на државата е сериозно нарушено“.

*

Сашо Орданоски на денешната колумна „Жолтите комбиња“ летаат на небо“ пишува: Бидејќи, Александар Николовски тврди дека е сниман и следен – од кого?! Од вештиот „режим на Заев“ чијшто титулар („пријател со секого“!) бил и самиот сниман, па потоа на ситно и „препродаван“, од синот на својот близок семеен пријател и висок безбедносен функционер, на ручек кај себе, дома?!?! … Пфф-кххх-ха-ха-ха-ха-хааааа… И да постојат, тешко дека тие „жолти комбиња“ имаат струмички регистрации.

Како што е познато, Николовски не бил дел од апаратот на големата операција за разновидно следење и прислушување што со години ја спроведуваше Груевски. Но, успехот и на неговата кариера се должи на пропагандните и другите злобни политички ефекти од таа гнасна операција. Николовски е денеска можеби и главниот партиски човек за контакт со Груевски, веројатно несвесен дека така си ја продолжува состојбата на сопствената ферментирана параноја што го доведува во ситуации, искрено и елоквентно, во телевизиски студија, да ги елаборира своите длабоки, ирационални стравови.

*

Џевдет Хајредини поентира: „Во ДУИ, независно од датумот кога изборите ќе се одржат, со право се сигурни дека ќе победат, бидејќи на платните списоци, составени во партиските ограноци, ќе останат нивните гласачи, кои, од буџетот на државата, општините и јавните претпријатиа, од страв да не го изгубат работното место или правото без да одат на работа да примаат плата, заедно со блиските роднини и пријатели, ќе гласаат за партијата. На тој начин на лидерската средба, лидерот ќе се залага за толку посакуваниот консензус и ниеден “вегетисан” новинар, по излезот од средбата, уште еднаш нема да се осмели да му постави некое политичко прашање.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ