• Latest

ЦИВИЛ во Чашка, Лозово и Свети Николе

March 19, 2016

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ во Чашка, Лозово и Свети Николе

March 19, 2016 21:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Два мобилни тима на ЦИВИЛ денеска патуваа низ Македонија во рамки на проектот Напред! за мобилизација на изборни набљудувачи. Првиот тим ги посети општините Чашка, Лозово и Свети Николе.

ЦИВИЛ ги информираше жителите на Чашка за проектот Напред! и за можноста да станат дел од тимот за набљудување на изборите.

Чашка, 19 март 2016
Чашка, 19 март 2016

На малкуте граѓан(к)и кои тимот на ЦИВИЛ ги сретна по улиците на Чашка, беше споделен едукативен и информативен материјал за јакнење на јавната свест за правата на гласачите. Овие материјали беа споделени и во локалниот маркет и аптека.

Во Лозово жителите кои беа зафатени со своите секојдневни обврски, сепак, одвоија време и  да се информираат за проекот Напред!, а истовремено се заблагодарија на ЦИВИЛ за укажаната можност да бидат изборни набљудувачи.

Најголем дел од граѓан(к)ите на Македонија денеска беа во Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота. Тимот на ЦИВИЛ прошета низ живописниот панаѓур и подели околу 400 флаери со информативна содржина за изборен мониторинг.

Светиниколчани се пожалија дека градот е полн само еднаш годишно за празникот Тодорица, а останатиот дел од годината е пуст, што се должи на масовната преселба на младите од Свети Николе. Според нив од 11 илјади жители, дури 4 илјади го напуштиле градот и се преселиле во странство со помош на бугарски пасоши.

Свети Николе, 19 март 2016
Свети Николе, 19 март 2016

Тимот на ЦИВИЛ во Свети Николе оствари средба и со претставници на политички партии и со “Организацијата на жени на општина Свети Николе“ кои во 2015 биле прогласени за најдобра невладина организација во Источна Македонија.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот Напред! се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: Напред!Свети НиколеЦивилЧашка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ