ЦИВИЛ организира прес конференција на која ќе стане збор за изборниот мониторинг, датумот за избори, лажните вести и говорот на омразата, здравствените ризици, како и други информации, ставови и пораки во пресрет на предвремените парламентарни избори. Прес конференцијата ќе се одржи на отворено, пред седиштето на ЦИВИЛ на ул. Максим Горки, бр. 31, денеска, на 14 јуни, со почеток во 13 часот.
Важно е да се слушнат ставовите, експертизите и информациите со кои располага граѓанското општество, особено организациите кои имаат долгогодишно искуство во мониторингот на изборните процеси. Граѓанките и граѓаните имаат право на избор.
Оваа прес конференција е важна и за сите набљудувачи на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг. Затоа, организацијата ги повикува сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција со посебно внимание.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ Тим за комуникации