„Направивме една платформа во која нашето искуство во политиката, нашите веќе воспоставени канали со вас, граѓанското општество, меѓународни организации, медиумски канали и така натаму, да успееме да извадиме, од тој тип на потиснати граѓани да ги промовираат нивните иновативни идеи. И ја нарековме политичка платформа за иновативни идеи – Македоноски концепт, која им се обраќа на сите граѓани, без разлика кој идентитет го носат во себе“, потенцираше Петар Богојески во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, кој на јавноста ѝ стана познат како еден од предводниците на групата Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е идеја, иницијатива не се воздржува да промовира и иновативно решение на кое што, јас лично, на пример, се спротивставувам“, вели Богојески промовирајќи ја идејата што стои зад Македонски концепт, граѓанска иницијатива која понуди граѓански листи на кандидати за пратенички и пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули.
„Правам компромис со многу активисти и кандидати на листата на Македонски концепт за пратеници, кои некои од нив се на некој начин и левичари. Апсолутно се против приватизација на некои сектори, на пример, здравството или некои решенија во економијата. Прифаќаат прогресивен наспроти мојата определба за низок рамен данок. Но, мене не ми смета тоа. Од сите нив да создадеме поинаква, оригинална, понуда кон граѓаните и да подадеме политичка култура на толеранција кон различноста. Онаш то го нема во политичките партии каде што ако се покажеш на ЦО на СДСМ или на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со различно мислење ти си отстрелан и твојата политичка кариера завршила“, вели Богојески.
„Уште не сме созреани за да се викаме левичари и десничари. Ние европеизацијата ја издигаме на ниво на национална иделогија. Сега на Македонија и престојат 10, плус 5 години на длабока вистинска европеизација. Откако ќе ја завршиме таа европеизација 2035 година можеме да ја доживееме македонската младотурска револуција, така јас ја нарекувам. Тоа е она поделба на леви и десни. Кога она историско ВМРО се поделило на леви и десни, тоа е под напливот на младотурската револуција… Мислам дека македонската, или како да ја наречам, младомакедонска револуција ќе се случи некаде 2035 година кога ние есенцијално ќе се поделиме на леви и десни. И ќе се определиме и ќе разбереме што е левица, а што десница. Денеска ВМРО-ДПМНЕ не е десница, бидејќи колнат и пцујат цел ден на Фејсбук. Тоа не е десница. Навреда кон сите граѓани не е десница. Ширење на еден етно шовинизам не е десница“, истакна Богојески.
Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камери: Атанас Петровски и Ариан Мехмети
Фотографија и обработка на текст: Биљана Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети
Богојески: Груевски мене ништо не ми згреши, им згреши на граѓаните на Македонија
Петар Богојески од Македонски концепт говори за гревовите на минатото и визиите за иднината