• Latest

Богојески: Колку повеќе растеше граѓанскиот отпор, толку полесно од внатре можеше да се иницираат реформи во ВМРО-ДПМНЕ

June 17, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Богојески: Колку повеќе растеше граѓанскиот отпор, толку полесно од внатре можеше да се иницираат реформи во ВМРО-ДПМНЕ

June 17, 2020 14:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во овој момент имаме една состојба каде што политичката сцена е киднапирана или затворена за посебно избрани политички актери на кои им е дозволено да бидат на таа сцена. Сите други кои не сме именувани не ни е дозволено да бидеме на таа сцена сме оставени да кружиме околу и да не покажеме дали сме подобри или полоши актери од постоечките… Големите партии или оние што се присутни на сцената имаат специјални методи како да не задржат надвор од таа сцена. Ние, пак употребуваме специјални методи како да се појавиме на таа сцена. Една од тие методи беа реформите во ВМРО-ДПМНЕ, нешто што беше битка за интерпартиска сцена, а сега е Македонски концепт, нешто што е битка за државна сцена“, вели Петар Богојески во интервјуто за  ЦИВИЛ МЕДИА, кој на јавноста ѝ стана познат како еден од предводниците на групата Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пат ставаме акцент од интервјуто токму на делот што се однесува на реформите на ВМРО- ДПМНЕ, преку кратко резиме на личните заложби на Богојески како долгогодишен член на партијата и резиме на круцијалните моменти на партија што под раководството на Груевски се претвори во режим.

„2009/2010 година кога видов дека господинот Груевски комплетно ги напушта заложбите за кои се договоривме дека ќе работиме, а тоа е преродбата, да се спротивставам на она што се случуваше. Тотално спротивставување настана во 2010 година на Битолскиот конгрес, кога официјално беше приватизирана ВМРО-ДПМНЕ, од семејството Груевски, би рекол. Од тогаш вие, граѓанските организации, започнавте да не нарекувате „Фамилијата“. На нас во ВМРО не ни беше воопшто пријатно тоа да го слушаме. Иако од внатре знаевме што се случува, дејствувавме колку можеме и не можеме.

Се обидовме да направиме реформи во 2014 година… тоа беше макотрпно, ќе направевме еден тим, па тој ќе се распаднеше, ќе направевме друг тим и тој ќе се распаднеше, но ќе останеа еден, двајца активисти верни на сознанието дека можат да се направат некои промени во политичкиот спектар во земјата, но пред сѐ во внатре во самата партија. Иако стегите на власта не попуштаа, растеше граѓанскиот отпор. Како надворешно тој растеше, така на нас внатре во партијата ни стануваше полесно да иницираме реформи… не велам дека сме безгрешни, напротив, можеби одбравме погрешен момент и погрешен метод. Многумина рекоа ние сме со вас, но не се приклучуваме бидејќи пристапот не ви е исправен. Можеби и со право. Луѓето се плашеа да се поздрават со нас на улица, по првата конференција на Реформаторите…“, објавнува Богојески.

Петар Богојески е иницијатор на Македонски концепт, граѓанска иницијатива која понуди граѓански листи на кандидати за пратенички и пратеници на претстојните избори.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камери: Атанас Петровски и Ариан Мехмети
Фотографија и обработка на текст: Биљана Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети


Богојески: Груевски мене ништо не ми згреши, им згреши на граѓаните на Македонија

Петар Богојески од Македонски концепт говори за гревовите на минатото и визиите за иднината

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ