Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа прес-конференција со советникот на регионалниот директор на СЗО, Фабио Скано, каде се заблагодари за нивната соработка и истакна дека уште од почетокот на пандемијата, тие имаат зголемена коминукација.
„СЗО кога прогласи вонредна состојба ја зголемивме комунацијата, го подигнавме нивото на мерки и пред да го регистрираме првиот случај, со цел да ги заштитиме граѓаните, да ја подигнеме свеста и мерките за заштита. Моментално имаме посилен бран, како последица на настани, семејни собири и прослави, каде не се почитуваа мерките за заштита од вирусот. Ова се универзални мерки и единствен начин да се заштитиме“, истакна Филипче.
Министерот додаде дека нашиот здравствен систем е целосно прилагоден за оваа состојба, дека прават прилагодување и ротација на здравствените работници.
„Целосно почитување на мерките и солидарноста се важни и треба сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот“, истакна Филипче.
Советникот на регионалниот директор на СЗО, Фабио Скано, истакна дека сценариото со КОВИД-19 што се случува моментално во Македонија е загрижувачко и дека се до моментот на пронаоѓање на вакцина, мора да се почитуваат мерките за заштита.
„Во изминатите три дена имав интезивни средби, со претседателот Пендаровски, членови на Комисијата за заразни болести, центрите на јавно здравје, поединци и претставници на религиозните заедници. Повторотно појавување на зголемен број на случаи е нешто што може да се управува, сите напори треба да бидат кон спречување на тоа, власта и граѓаните мора да си помогнат едни на други“, додаде Скано.
Препораките во Владата, од него, се да продолжат да ги идентификуваат, изолираат, тестираат и да ги следат контактите на заразените, да се стават во карантин во соодветни услови.
“Само преку прекинување на ланецот, ќе се намали пренесувањето. Едноставните и паметните мерки ќе не заштитат нас и нашите блиски, и тоа претставува посветеност на целото општество. Не е време за олававување, туку за повторно вклучување на целото општество за да бидеме пред вирусот, ако не, повторно ќе има драматични мерки и ќе има штета врз економијата“, додаде Скано.
А. П.












