(коригирано)
Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата во изборниот процес, предвремено започната изборна кампања, политичкото финансирање, мерки за заштита од коронавирусот, пораките и мониторингот на ЦИВИЛ, се темите за кои ќе стане збор на прес конференција на ЦИВИЛ, в петок, 3 јули, со почеток во 12 часот. Прес конференцијата ќе се одржи на отворено, пред седиштето на ЦИВИЛ на ул. Максим Горки 31.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Оваа прес конференција е важна и за сите набљудувачи на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција.
ЦИВИЛ, Тим за комуникации