Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341, од кои пет од нив се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Вчера беа регистрирани 115 нови случаи заразени со овој вирус, а 40 лица оздравени.
Новите случаи на Ковид-19 се во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2. Од оздравените, 26 се од Скопје, двајца од Велес, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.
Во Скопје најмногу активни случаи – 2007, Тетово со 392, Куманово – 244, Охрид – 175, Струга – 167, Штип 161 случај. Единствени општини без активни случаи се Радовиш, Берово, Виница и Делчево.
Во скопската општина Чаир има 415 активни случаи, потоа во Гази Баба – 207, во Бутел – 173, Карпош – 167, Аеродром – 159, Сарај – 154 и Центар – 150.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.












