• Latest

Димитров се сретна со новоименуваната амбасадорка на Германија, Анке Гизеле Холштајн

July 8, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров се сретна со новоименуваната амбасадорка на Германија, Анке Гизеле Холштајн

July 8, 2020 10:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е.  Анке Гизеле Холштајн, која во оваа прилика ги предаде копиите на акредитивните писма.

„Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување на позитивна одлука за започнување на преговори за членство во Европската Унија, во март ова година“, изјави Димитров. 

Посакувајќи ѝ успех во вршењето на оваа должност, Димитров оцени дека во изминатиов период се бележи исклучително динамичен билатерален политички дијалог и соработка во повеќе области од заемен интерес.

Амбасадорката Холштајн ја повтори поддршката на Германија за реализација на нашите стратешки приоритети, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот Регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан.

Министерот и Амбасадорката се осврнаа и на актуелните епидемиолошки состојби и здравствените предизвици со кои се соочува нашиот Регион и пошироко, при што министерот Димитров упати благодарност до Германија за нејзината досегашна помош за борба против пандемијата во нашата земја. На средбата стана збор и за подготовките за одржување демократски и фер предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

Димитров во мај годинава имаше проштална средба со претходникот на Амбасадорката, Томас Герберих.

Амбасадорот Герберих имаше значајна улога во развивањето на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Германија.

Димитров тогаш потенцираше дека Германија традиционално се вбројува во најважните надворешно-политички и економски партнери на Северна Македонија, укажувајќи при тоа и на фактот што токму во изминатите три години билатералните односи забележаа огромен напредок. Зголемувањето на заемната економска соработка и меѓусебната трговија ја прави Сојузна Република Германија најголем надворешнотрговски партнер на Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски на прошталната средба со германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих се заблагодари за силната и отворена поддршка што Германија и ја дава на земјава во остварувањето на нејзините стратешки цели и изразил задоволство што токму во мандатот на амбасадорот Герберих е реализирана една од нив, односно членството во НАТО, а донесена е и одлука од страна на Европскиот Совет за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

А. П. 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ