• Latest

ЦИВИЛ ја презентираше иницијативата „Гласај/Voto“ и извештајот од мониторингот за изборниот циклус

July 11, 2020

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ЦИВИЛ ја презентираше иницијативата „Гласај/Voto“ и извештајот од мониторингот за изборниот циклус

July 11, 2020 13:53
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Започна мултимедијален настан во организација на ЦИВИЛ, со три презентации: Извештај од мониторингот на изборната кампања, Кампањата против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата, како и Иницијативата „Гласај/Voto“, веројатно најведрата, највидливата и најинтересната иницијатива видена во ова предизборие.

Биљана Јордановска од ЦИВИЛ ја претстави Иницијативата „Гласај/Voto“, со која организацијата повикува на безбедно гласање, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, на која се приклучија јавни личности, новинари, активисти преку видео обраќање, илустрации, пораки, креативини начини ги повикаа граѓаните да гласаат, можат да се информираат за своите права во изборниот процес на

Познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули и ја поддржаа инцијативата на ЦИВИЛ. Така, оваа иницијатива ја поддржаа: Перо Арсовски, актер и голем поборник за демократски и европски вредности, Дорина Ајдини, граѓанска активистка и популарна ТВ водителка, Ирена Стеријовска, режисерката и активистка, музичарот Мирко Попов, познат и како ПМГ Колектив, Анита Латифи, новинарка и активистка, Зоран Кардула, дизајнер и активист, Бубо Каров, мултимедијален уметник, Катерина Колозова, универзитетска професорка и граѓанска активистка, и други.

Актерот Перо Арсовски истакна дека е многу важно да се биде дел од ваква важна иницијатива.

„Морам да кажам дека ми беше цел да бидам учесник во ваква иницијатива која е многу важна. Ги паметам сите изборни циклуси меѓу кои се и тие кои не сакаат да гласаат. Многу е важно да се учествува, не е чин на ставање ливче во кутијата, претставува и твој интерес за понудите и можностите кои ти ги нудат политичарите кои го бараат твојот глас. Имаме потреба да ги оцениш тие луѓе, кои си ги гласал и да си ја поправиш грешката или да гласаш за нова опција која ќе ги подобри животите на сите. Сметам дека е многу важно да учествуваш, а учествуваш со својот глас. Ја подобруваме атмосферата и го подобруваме општеството, стануваме побитни за тие луѓе кои го бараат твојот глас. Учествувајте во градењето на општеството и дајте го својот глас“, истакна Арсовски.

Режисерката Ирена Стеријовска истакна дека иницијативата за излезност на изборите ја гледа од два аспекти: логичен и идеолошки.

„Логичен е тип на избори кои нема цензус, некој ќе дојде на власт, нема зошто да се лимитираме подалеку од процесот, кога некоја одлука ќе биде донесена. Идеолошкиот претпоставува кога демократијата е една од највисоките циивилизациски процеси, поединецот може да оствари комуникација со системот, поголем од поединецот, во кој ние можеме да се обратиме на системот со „ти“ и да му кажеме дека можеме да го фатиме кормилото и да кажеме каде ќе пловиме. Ние знаеме од нашата понова историја колку е важна енергијата кога граѓаните ќе се организираат и сплотат за да сменат нешто во општеството. Самото излегување на гласање е револуционерен чин и не смееме да го пропуштиме како можност“, истакна Стеријовска.

Претседалот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, објави дел од извештајот на мониторингот на тимот на ЦИВИЛ за овие предизборни парламентарни избори.

„Од речиси 900 предизборни активности за кои партиите дале пари во предизборната кампања, две третини се финансирани од најголемите политички партии од власта и опозицијата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, трета по големина нарачател е Левица, а веднаш по неа е „непознат нарачател“, утврди тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на финансирањето на предизборната кампања. Од 20 јуни до полноќ на 9 јули, тимот за мониторинг регистрираше вкупно 895 активности, во огромно мнозинство видео-спотови и спонзорирани содржини на Фејсбук.

Најмногу содржини, 308, нарачала политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по неа е СДСМ со 289 содржини, на трето место е Левица со 77, а на четврто се содржини нарачани од непознат нарачател, вкупно 54. Станува збор главно за содржини со кои се оцрнува политичка партија – во 42 случаи СДСМ, во 3 случаи ВМРО-ДПМНЕ, а остатокот другите партии. Непознат нарачател платил 45 такви содржини на социјалната мрежа Фејсбук, а остатокот се флаери и постери“, истакна Дерала.

До утре напладне ќе биде објавена целиот извештај.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ