• Latest

Мониторинг на ЦИВИЛ: Кршењето на изборниот молк и други изборни нерегуларности се интензивираат во последните 24 часа

July 14, 2020
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Мониторинг на ЦИВИЛ: Кршењето на изборниот молк и други изборни нерегуларности се интензивираат во последните 24 часа

July 14, 2020 15:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ издаде соопштение врз основа на извештаите од набљудувањето на изборниот процес за периодот од вчера (13.07.2020) во 12 часот напладне до 12 часот денеска (14.07.2020). Според соопштението, набљудувачите на ЦИВИЛ веќе од почетокот на изборниот молк на полноќ 13 јули, бележат бројни случаи на кршење на изборниот молк, а во изминатите 24 часа недозволените активности на политичките партии се интензивираат.

КОЛКУ МИНИСТЕРСТВА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА?

Ова соопштение ЦИВИЛ го започнува со случајот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Се работи за специфичен случај кој може да се доведе во врска со повеќе облици на изборни нерегуларности, вклучувајќи го и кршењето на изборниот молк, но и злоупотреба на службената положба и на јавните ресурси.

Да се задржиме само на еден аспект од случувањата.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и за време на изборен молк води политичка кампања, и на својот Фејсбук профил напиша:

„Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна… 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ“.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, јавноста беше запознаена и со неколку случаи на приведување, односно повикување на „информативен разговор“ на неколку јавни личности поради кршење на изборен молк, поврзан со фамозниот пост „да се пречкрта Северна на гласачкото ливче“, но исти или слични објави од спротивставената политичка партија, не беа предмет на ваква полициска „обработка“.

Во врска со двојните аршини на техничкиот министер, со објаснување дека слободата на говорот не е кривично дело, се јави заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која го изнесе својот став на социјалните мрежи.

МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ

Интернет порталот „Порталб“ пред да настапи изборниот молк, објави анализа на прогнозите за изборните резултати од аналитичарот Роберт Несими.

Порталите, блиски до одредена политичка партија, ја објавиле анализата за време на изборниот молк во текот на вчерашниот ден, но, со „малку“ поинакви резултати. Тие прикажале резултати во корист на партијата што ги контролира, односно, различни од тие што се прикажани во анализата на Несими. Значи, освен кршење на изборниот молк, тука имаме и случај на ширење дезинформации.

Во предизборниот период се забележува зголемена активност на одредени интернет портали чиишто содржини се наменети исклучиво за ширење лажни вести и дезинформации, со намера да се создаде искривена претстава во јавноста за одредени политички процеси, настани и структури.

КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК СО СПОНЗОРИРАНИ ПРОПАГАНДНИ СОДРЖИНИ

Високи функционери и лидери на политички партии, како и нивни активисти се впуштаат во неконтролирана онлајн пропаганда, како да е просечен ден од изборна кампања, а не изборен молк.

И во вториот ден од изборниот молк, речиси сите политички партии продолжуваат да го кршат изборниот молк, со тоа што на Фејсбук сè уште им течат спонзорирани видеа со пропаганден материјал.

Една од предизборните коалиции вчера претпладне ги стопираше спонзорираните објави на Фејсбук, но Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека има уште една спонзорирана објава на еден кандидат за пратеник од истата коалиција, која сè уште е активна.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи и дека една политичка партија има објавено 11 спонзорирани видео содржини на Фејсбук, и едно интервју од лидер на партија, за една национална косовска телевизија.

Понатаму, мониторингот на ЦИВИЛ бележи осум спонзорирани содржини кај друга поголема политичка партија, а на „топ листата“ се редат и низа други политички партии. Така, една политичка партија има седум спонзорирани содржини, две имаат по три, две партии имаат по две и две политички партии имаат по една спонзорирана содржина на социјалните мрежи, што претставува кршење на изборниот молк.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи вкупно 39 спонзорирани содржини на социјалната мрежа Фејсбук, во изминатите 24 часа. Во оваа бројка не влегуваат вчерашните 8 содржини кои се веќе стопирани од една од коалициите.

Политичките реклами се забележуваат и на онлајн игрите и понатаму.

НЕПОЗНАТИ НАРАЧАТЕЛИ И ЦРНА ПРОПАГАНДА

Покрај официјалните Фејсбук профили на политичките партии или кандидати за пратеници, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира и 12 Фејсбук страници кои спонзорираат политички видео спотови без нарачател, а содржината е, пред сè, во категоријата црна пропаганда за одредена политичка партија.

За една партија се објавени 7 содржини со црна пропаганда од седум различни Фејсбук страници.

За друга политичка партија се објавени 3 содржини со црна пропаганда од две Фејсбук страници.

Од една Фејсбук страница, за една политичка партија има едно видео со црна пропаганда.

Во еден случај, на Фејсбук страница е објавено спонзорирано видео со „ексклузивни“, крајно вознемирувачки снимки со екстремно физичко насилство врз пратеник, на 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ досега архивираше десетина спонзорирани пропагандни видеа и фотографии на политичките партии, но истите ќе ги објави по завршување на изборниот молк, односно по завршување на изборите.

Вниманието на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ го привлече и социјалната мрежа Тик-Ток, на која се објавуваат видео содржини со пропагандни пораки, кои претставуваат кршење на изборниот молк. Едноставно, партиските штабови не штедат средства и начини да допрат до што е можно повеќе луѓе, а тоа често го прават на незаконски начини и средства.

Говорот на омразата, лажните вести и дезинформациите, како и кршењето на изборниот молк не стивнуваат ниту на социјалната мрежа Твитер. Тимот на ЦИВИЛ подготвува посебен извештај за активностите на политичките партии на Твитер.

За сите случаи наведени овде, како и во онлајн системот на ЦИВИЛ постојат фото и видео записи, како и прецизни податоци и факти, кои ќе бидат презентирани во јавноста по завршување на изборниот молк.

Ова е само дел од огромниот материјал кој пристигнува до Мониторинг тимот на ЦИВИЛ практично секоја минута.

ПРЕС ЦЕНТАР НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе го набљудува денот на гласање со 314 набљудувачи, сите мобилни, кои ќе го набљудуваат изборниот ден во 16 категории, вклучувајќи ги почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, корупцијата, говорот на омразата, ширењето лажни вести и дезинформации.

На изборниот ден ЦИВИЛ ќе одржи 6 прес конференции и една панел дискусија. Првата прес конференција ќе се одржи во 8 часот наутро, а следните во 10, 13, 16, 18 и 22 часот. По завршување на прес конференцијата во 22 часот, следува панел дискусија со учество на експерти, долгогодишни соработници на ЦИВИЛ.

Прес центарот на ЦИВИЛ на 15 јули ќе биде во хотел Порта, Аеродром. Организацијата ќе обезбеди бесплатен превоз за сите новинарски екипи до хотелот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ