• Latest

Делевски, професор во средно училиште: Онлајн наставата е можност за колективен пресврт на образовниот процес

September 29, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Делевски, професор во средно училиште: Онлајн наставата е можност за колективен пресврт на образовниот процес

September 29, 2020 12:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поголемиот дел од учениците и наставниците новата учебна 2020/2021 година ќе ја следат од далечина, односно преку Националната платформа за онлајн учење www.schools.mk, како што беше истакнато на презентацијата, која е едноставна за користење, за што беа обучени 1600 наставници кои потоа ги обучуваат своите колеги-наставници. Министерството за образование и наука изминатиов викенд испрати кориснички лозинки до училиштата за пристап до платформата, но таа вчера беше недостапна за вклучување. Од МОН  соопштија дека постојано се работи на тестирање за нејзина оптимизација за да биде целосно функционална до 1 октомври.

Платформата е изработена во соработка со ФИНКИ и е предвидено да ја користат 260 000 ученици и околу 25 000 наставници од основните и средните училишта. Содржините се на пет наставни јазици (македонски, албански, турски, српски и босански), а е креирана  така што и самите ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат.

Никола Делевски, професор по физика во СОУ „Никола Карев“ во Струмица, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, вели дека со новонастанатата ситуација поради пандемијата од КОВИД-19, вниманието мора да го посветиме на сопственото здравје и на здравјето на учениците. Според него, треба да се покаже грижа кон учениците, која покрај едукацијата, вклучува и намалување на ризикот по физичкото и менталното здравје на учениците и дека без здравје, која било настава е бесполезна.

Никола Делевски професор во СОУ „Никола Карев“

„Онлајн наставата е предизвик и преиспитување на воспитно-образовните модели. Предизвик е поради новоста и повеќестраното поедноставување на трансферот на знаења, а преиспитување е и поради различните услови на работа на наставниците и учениците и поради дополнителната потреба од креативни решенија и апликативност на наставниот материјал. Онлајн учењето има можност да биде не само замена, туку и преродба на образованието, но само доколку се истрае во почетниот период и доколку се зачуваат резултатите на долгорочен план – како визија за иднината и како можност за надоградувања на образовниот систем на двонасочно изградениот систем“, вели професорот Делевски.

Влијанието на онлајн наставата кај учениците е различно, што според него е очекувано, бидејќи станува збор за ученици од различни средини и различни сфаќања, кои потекнуваат од различни структури.

„Сепак, сите ученици на некој начин ја прифатија новонастанатата ситуација во процесот на учење, задоволни, бидејќи се минимизира опасноста по нивното здравје и покажаа подобар резултат, бидејќи овие генерации на ученици се деца на дигитална ера и тоа не беше поголем предизвик за нив“, додава Делевски.

Делевски истакна дека новонастанатата ситуација со онлајн наставата е голем предизвик, но дека дава и мотивација за поуредна, посистематска и поусредена работа со учениците.

„Ова е можност за колективен пресврт на образовниот процес, како што било случај низ историјата во слични ситуации. Секако, скратениот период на траењето на часот и отсуството на просторниот, физичкиот фактор, можат да ни бидат од корист ако истите ги насочиме кон водење на учениците низ скратени, но клучни патеки на надоградба, каде што квалитетот ќе преовладува над квантитетот“, додава Делевски.

Во однос на досегашното искуство со онлајн наставата, професорот Делевски истакна дека со прогласување на пандемијата поради КОВИД-19 и прекинот на наставата со физичко присуство во училиштата, следувал период во кој секој наставник успеал на свој сопствен начин да се снајде за да продолжи наставниот процес.

„Прерано е за објективен увид на онлајн предавањето, но досегашното искуство најавува усилен труд и трпение на наставниците, внимание и прилагодување на учениците и доволен простор за заемна успешна комуникација. Сепак, онлајн наставата е изводлива и дава позитивни резултати. Имено, учениците редовно следеа настава и извршуваа зададени задачи, се разбира со ретки исклучоци. Ученици полесно контактираа, беа поредовни во извршувањето на домашните задачи и постигнуваа подобри резултати, бидејќи процесот дозволува учење со сопствено темно. За односот меѓу наставниците и учениците, можам да одговорам во мое лично име. Имено мојот однос со учениците се заснова на меѓусебна почит и разбирање, што е неопходно за да се создаде позитивна атмосфера за пренесување на знаењето и се разбира работа која продуцира резултати. На тој начин не забележав промени при онлајн предвањето/наставата“, вели Делевски.

Делевски вели дека Националната платформа за учење на далечина е нешто што било побарано од сите инволвирани во образовниот процес и дека по направените анкети дури 98% од анкетираните родители, ученици, наставници и директори побарале унифицирана Национална платформа за учење на далечина која ќе овозможи учење на еден и единствен начин.

„Секоја промена е тешка на почетокот бидејќи мора да се напушти некоја зона на комфорт. Она што влева надеж е дека во изминатиов период наставниците покажаа голема совест, работеа деноноќно и сите успешно ја совладаа на основно нив. Таа е практична и функционална, најдоброто нешто што се случи во образованието во периодот на пандемијата, а ова е само почеток. таа се развива и ќе се развива според побарувањата на наставниците и учениците. Платформата е корисна, едноставна за управување, едноставно организирана, а за учениците ќе биде едноставна за користење, преку еден линк веднаш ќе пристапуваат кон наставниот час. Покрај тоа, таа ќе послужи и за унапредување на професионалниот развој на наставниците, дигиталните вештини на учениците, следење на активност како на учениците така и на наставниците, со што нема да може да се импровизира со оценувањето. Ова ќе биде можност за креирање на иднината на едно многуобразно образование, во кое ќе се бара спој меѓу старото, традиционално учење и новото, виртуелното“, додава Делевски.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share49Tweet31Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ