• Latest

Царовска: Предизвици има, важно е сите заедно да покажеме разбирање и толеранција

September 29, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Предизвици има, важно е сите заедно да покажеме разбирање и толеранција

September 29, 2020 14:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денес ги посетија општинските основни училишта „Дане Крапчев“ и „Крсте Мисирков“ во населба Ченто, каде ќе се одвива настава од 1-3 одделение со физичко присуство,  а во погорните одделенија преку онлајн платформата.

„Од она што можев да го видам и двете училишта се подготвени да ја започнат учебната година на двата начина. Сите мерки и протоколи за следење на настава на учениците во училница се исполнети. Направени се потребните обележувања, набавени се потребните термометри и средства за дезинфекција, а клупите се поставени на потребното растојание. Што се однесува на онлајн платформата во моментот тече нејзино тестирање и оптоварување со што поголем број на корисници, не само во овие две училиште, туку и во основните и средните училишта низ цела држава. Тестирањата продолжуваат до први октомври кога е и официјалниот старт на годината во услови поразлични од досега, односно во услови на пандемија. Во тест фазата се детектираат и веднаш се надминуваат сите предизвици. Би сакала да напоменам дека за прв пат во државата воспоставуваме вака гломазен онлајн систем и тоа го правиме за исклучително краток рок. Нема да биде се совршено и беспрекорно, но проблемите ќе ги надминуваме во од за што очекувам разбирање, поддршка и соработка од родителите, наставниците и од учениците“, рече Царовска.

Георгиевски истакна дека Гази Баба ги подготви за настава сите училишта во услови на пандемија.

„Општината набавува 350 компјутери со искористување на заштедите од блок дотациите наменети за плаќање на комуналните трошоци на училиштата. Исто така, обезбедивме таблети како донација за децата кои немаат уреди за следење на онлајн настава“, рече Георгиевски.

За претседателот на СОНК Јаким Неделков, општина Гази Баба треба да е добар пример за останатите општини како треба да се организираат за одвивањето на наставата.

„Општината максимално вложила во инфраструктурата и обезбедувањето технички помагала неопходни за редовно одвивање на онлајн наставата. Ова е добар пример и за останатите градоначалници на национално ниво, час побрзо да обезбедат компјутери, лаптопи и помагала коишто ќе се донираат на социјално загрозените ученици, со цел непречено да се одвива онлајн наставата“, изјави Неделков. Тој е оптимист дека брзо ќе се реши и прашањето за вишокот на фонд на часови на наставниците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ