• Latest

МИА објави делови од извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија

October 6, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МИА објави делови од извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија

October 6, 2020 12:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската информативна агенција ( МИА) дојде до делови од извештајот на Европската Комисија (ЕК) кој треба да биде објавен попладнево за реформскиот напредок на Северна Македонија кон ЕУ. 

Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот.

Од Агенцијата  одвојуваат неколку делови од извештајот за Северна Македонија, каде е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација.

Во делот на политичките критериуми, ЕК изразува задоволство што опозициските партии останаа ангажирани во политичкиот процес, давајќи поддршка за прашањата од национален интерес како што се ЕУ реформите и членството во НАТО.

Се поздравува меѓупартискиот договор за одржување предвремени парламентарни избори и формирање техничка влада, како и одложувањето на изборите поради пандемијата од Ковид-19.

Согласно заклучоците на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, Комисијата ги оценува како добро организирани, во вистински конкурентен дух, но нагласува дека правната стабилност беше поткопана поради “суштински ревизии на законската рамка и последователното владеење преку владини декрети“, односно одлуките со законска сила, кои произлегоа од вонредната состојба поради Ковид-19.

Комисијата истакнува дека “значајното зголемување на брзи постапки предизвикува загриженост и треба да биде ограничено“.

Се поздравуваат обидите за зајакнување на меѓуетничката состојба и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

Во делот на реформата на разузнавачките служби од септември 2019, се поздравува напредокот во согласност со препораките на експертските групи за етаблирање на Агенција за национална безбедност како независно тело без полициски овластувања, за разлика од претходната УБК. Сепак потребни се дополнителни напори за Агенцијата да има пристап до сите потребни алатки за да може да си го исполни мандатот и задачите. Потребно е и зајакнување на парламентарниот надзор врз разузнавачките служби, порачува Европската Комисија.

Слаба точка останува реформата на јавната администрација. Во овој дел Северна Македонија се оценува како “умерено подготвена“. Принципите на транспарентност, заслуга и еднаква застапеност остануваат суштински, порачува ЕК. Се поздравува работата на Комисијата за спречување на корупцијата, и се очекува соодветен исход од извештаите и препораките на оваа Комисија.

Правосудството, како темелен дел од евроинтегративниот процес, треба да продолжи да се подобрува, но се нотира “добар прогрес“ во имплементирањето на реформската стратегија за судството.

ЕК бара дополнителен напор за да се обезбеди систематско спроведување на ревидираниот акциски план на судската стратегија. Се поздравува работата на Судскиот Совет, кој задачите ги врши на проактивен начин, додека механизмите за обезбедување независност на судството, отчетност, дисциплинските процедури и спречувањето на конфликтите на интереси се подобрени.

Не се заобиколува ниту Јавното обвинителство (ЈО) и последиците од дебаклот на Специјалното јавно обвинителство, и пресудата против Катица Јанева.

Законот за ЈО има, меѓу другото, задача да осигури одржливо решавање на предметите кои произлегуваат од нелегалните прислушувања.

Борбата против корупцијата, исто така темелен дел од процесот на интеграција во ЕУ, бележи добар напредок во делот на истрага, гонење и судење на високопрофилни корупциски предмети, а посебно се поздравува работата на Комисијата за спречување на корупцијата и нејзината проактивна улога во оваа област.

-Корупцијата е сеприсутна во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители инволвирани во спречувањето и борбата против корупцијата, гласи извештајот.

Иако Северна Македонија располага законска рамка во согласност со ЕУ стандардите во делот на заштитата на фундаменталните права, голема слабост во овој момент е што земјата нема сеопфатен закон за антидискриминација откако овој закон беше поништен од страна на Уставниот суд врз основа на процедурални грешки.

ЕК смета дека ова претставува “сериозен недостаток“ кој мора да биде коригиран од страна на новиот состав.

Слабост на Северна Македонија е и спроведувањето на законодавството за спречување на говор на омраза.

Се критикува и фактот што нема вистински независни истражители за вршење на ефикасен надзор врз работата на полицијата кој ќе овозможи ефикасно справување со феноменот на неказнивост во полицијата. Потребни се исто така итни мерки за подобрување на состојбата во затворите и изнаоѓање алтернативни решенија за притвор и затвор.

Европската Комисија бележи умерен напредок во делот на слободата на медиумите, но истакнува дека се зголемени тензиите за време на кризата со Ковид-19 и за време на изборната кампања.

-Напорите за саморегулација треба да бидат интензивирани за да се унапредат професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, стои во извештајот.

Поголема транспарентност е потребна во делот на државното, јавното и партиското рекламирање во медиумите, а се очекува одржливо решение за независноста, професионалните стандарди и финансиската одржливост на Македонската радио телевизија.

-Суштински е да се продолжи да се поддржува медиумскиот плурализам, промовирање на професионализмот, објективното известување, истражувачкото новинарство како и градењето отпорност за борба против дезинформациите, стои во извештајот на ЕК.

Комисијата нагласува дека земјата треба да продолжи да ги негува добрососедските односи со Грција и Бугарија и да ги спроведува билатералните договори.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ