• Latest

Наумоски: Имаме вештачки производ на национализам и омраза

October 15, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Наумоски: Имаме вештачки производ на национализам и омраза

October 15, 2020 16:22
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, одговори на повик на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјална правда и антинационализам.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Наумоски: Една од главните карактеристики на Општина Ѓорче Петров е диференцијацијата на урбан и рурален дел, некои тоа го гледаат како слабост, но јас сметам дека е предност. Природните богатства по течението на река Лепенец и можностите за заштита и развој на зелени коридори се голема перспектива за развој на општината.

Имајќи предвид дека одржливиот развој подразбира рационално искористување и заштита на природното богатство за да го зачуваме за идните генерации, како општина преземаме сè што е во наша надлежност да ја исполниме оваа обврска. Изготвивме проект за развивање на туристичката локација во село Кучково, зазеленуваме јавни површини во општината, расчистивме 11 хектари депонија во Ново Село, интервенираме со промена на прозорци и врати во училиштата и градинката…

Но, клучно е да работиме заедно со другите општини за да има ефект.

Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Наумоски: Како општина и јас како Градоначалник сум фокусиран на одржливи инвестиции во делот на заштита на животната средина, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Голем предизвик и обврска е вака поставената цел, но морам да кажам дека средствата од општинскиот буџет не се доволни за задоволување на потребите. Сепак, со поддршка од Владата на РСМ и меѓународната заедница сме во постојана потрага по средства за реализација на проекти, а особено во делот на заштита и развој на река Лепенец, за кој имаме изработено основен проект за уредување на речно корито. Веќе се изработуваат неколку планови за уредување на градежно земјиште за изградба на фотоволтаични централи од приватни инвеститори, како и инвестиции во ЕЕ во јавни објекти и во секторот колективно домување.

Зелен ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Наумоски: Едно е јасно, во вакви ,,битки” сите губат. Кога се гледа личниот интерес, крајот е многу близу. Балканот за жал е познат по нетрпеливоста, по темпераментот на народите, но, сметам дека ова што денеска го имаме е вештачки производ на национализам и омраза. Сите во себе го носиме мирот и како јавни личности зад себе треба да оставиме добра за подобар живот. А ако некој сака да го памети историјата по поттикнување на толпа за лична сатисфакција, верувајте таа страница веднаш се кине.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед?

Наумоски: Многу да се работи на себе. Да го почнеме денот со тоа каков сум, а не како да му наштетам на другиот. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Ако веќе во Словенија знаеме да отпоздравуваме, да фрламе ѓубре во канта за отпадоци, зошто тоа да не го правиме две граници подолу.

Одговорност имаме сите, но, сепак лицето на државата во Европа се политичарите. Европа не препознава стратегија за уназадување, која се креира за да се остави лоша слика за државата. Опозицијата мора да сфати дека не треба да работи против оваа власт, туку треба да работи за граѓаните. Напредокот значи соработка, дијалог и разбирање.

обработка на текст: Ангела Петровска 


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ