• Latest

Наумоски: Секој треба да придонесува за да ја има Европа поблиску до себе

October 16, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Наумоски: Секој треба да придонесува за да ја има Европа поблиску до себе

October 16, 2020 14:17
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за моменталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Наумоски: Политиката е сè уште во сенка на пандемијата со Корона кризата. Сите политики кои се креираат се директно поврзани со Ковид-19. Но, мора да научиме да живееме со маска, а да влечеме правилни потези. Во изминативе 8 месеци оваа Влада донесе низа мерки како баланс меѓу здравствените препораки и функционирањето на економијата. Секогаш има незадоволство, но согледувајќи ја нашата положба и ресурсите правиме сè да се извлече максимумот. Од друга страна, европската агенда останува приоритет и покрај сите тешкотии, но се надевам дека ЕУ ги цени нашите заложби и посветеност. Имаме функционална политичка Влада, со програма и агенда која треба да се одработи за доброто на граѓанинот.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Наумоски: Претстои година на многу работа. На започнати проекти кои треба да се довршат, проекти кои треба да започнат. Изминатите три години Ѓорче Петров конечно влезе на мапата на општини каде се инвестира и гради, а тој епитет ќе се погрижам да го задржи и во претстојната година. Сработено е многу, но децениското неработење не може да се покрие со 3 години власт. Сепак, судот е на граѓаните. Во демократијата е тастерот на довербата. Секогаш имаат право на избор, а разликата е очигледна.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Наумоски: Вложуваме многу и се трудиме да ги следиме стандардите на Европската Унија. Како локална самоуправа, соработуваме со општини од земји членки на ЕУ и кандидати за членство се со цел да создаваме партнерства со кои би ги користеле ИПА, а во иднина и структурните европски фондови. Аплицираме на сите отворени повици во рамки на разни програми на ЕУ, ги користиме сите можности за поволни заеми финансирани од Светска Банка за развој на општината.

Мора да признаам дека тргнуваме од многу ниско скалило. За да се чувствуваме европејци треба да ги задоволиме основните права и потреби на граѓаните, а тоа е пред сè инфраструктура. Сериозно вложуваме и работиме.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Наумоски: Демократијата е базична европска вредност. Отварањето на вратите на општината беше само еден исчекор кон почитување на граѓанинот. Да се чуе неговиот глас, да се даде критика, да се одговори и реагира правовремено. Жителите на Ѓорче Петров веќе 3 години активно учествуваат при креирањето на буџетот и одредувањето на приоритетните проекти. Еднаквоста, владеењето на правото, човековите права и човечкото достоинство се вредности кои општината ги почитува во своето секојдневно работење.

Но, прстот не треба секогаш да биде вперен кон општинските власти. Секој треба да придонесува за да ја има Европа поблиску до себе.

Во Ѓорче Петров има уште работа за да се освојат ѕвездите на ЕУ, но она што е важно е дека сме на добар пат кој треба да го изодиме заедно.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ