• Latest

Преглед на настани: Засилена регионална соработка, ВМРО- ДПМНЕ протестира со автомобилска парада, ЦИВИЛ утре во Струга со семинар за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси…

October 23, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Засилена регионална соработка, ВМРО- ДПМНЕ протестира со автомобилска парада, ЦИВИЛ утре во Струга со семинар за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси…

October 23, 2020 16:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: ВМРО – ДПМНЕ со автомобилска парада протестира од Скопје до Штип

ВМРО – ДПМНЕ со колона автомобили на Денот на револуционерната борба на Македонија протестира од Скопје, до Штип.  Протестите започнаа во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и завршија пред Собранието на Република Македонија каде се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На автомобилите, освен официјалните партиски ,државни и „антички“ знамиња, имаше и знамиња на ЕУ и САД.  По говорот на Мицкоски пред Собранието на Северна Република Македонија, парадата продолжува во Штип.

Изјава на денот – Заев: Очекуваме Косово да се  вклучи и во засилената регионална соработка

-Нашиот народ вели дека соседите не се бираат, но први притекнуваат на помош. Токму затоа очекуваме Косово да се  вклучи и во засилената регионална соработка, која ја предводат Северна Македонија, Албанија и Србија, со цел, нејзиниот инклузивен карактер да биде приоритет за регионот, без разлика на отворените политички прашања. Следниот петок ќе имам состанок со претседателот Вучиќ и премиерот Рама, каде што една од точките ќе биде токму таа, со намера да испратиме и заедничка покана. Ова е секако во интерес на нашите граѓани, првенствено за имплементација не четирите слободи на Европската Унија во Западниот Балкан, слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал, а што ќе овозможи и побрза интеграција и усогласување со Европската Унија. Токму заедничкиот ангажман кој произлегува од самиот регион, ќе претставува силна додадена вредност за нашите европски перспективи и за веќе постојните иницијативи кои се во таа функција. Берлинскиот процес, и регионалниот совет за соработка, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев на заедничката прес конференција  со премиерот на Република Косово, Авдулах Хоти.

Цивилни активности

ЦИВИЛ  денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Прилеп, Могила и Новаци.

https://www.facebook.com/pg/civil.mk/photos/?tab=album&album_id=3350745071710605&__tn__=-UC-R

ЦИВИЛ организира извонредно динамичен дводневен семинар овој викенд во Струга, во хотел „Београд“, во центарот на градот, на 24 и 25 октомври (сабота и недела) со почеток во 11 часот.

Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, максимум дваесет луѓе ќе учествуваат во семинар на кој ќе се стекнат со нови информации и вештини за учество во политичките процеси.

Политички видео магазин – СКЕН: Национализам – Од идеја за прогрес на државата, до зло на општеството

 

Флеш вести:

Влада– на вчерашната седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија.

Јавна покана -Џабир Дерала  јавно го покани лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на интервју. Првиот дел од прашањата се објавени денеска на ЦИВИЛ Медиа, а вториот дел ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.

Меѓусоседство – Георгиевски за БГНЕС: Бугарија не бара промена на нашиот Устав или нов договор

Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација по повод избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

СЛОБОДНА ЗОНА

Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв дел)

-Уште еднаш, јавно Ве поканувам на интервју во било кој формат, во кое ќе дадете одговор на повеќе прашања од јавен интерес, а чиј број се наталожи. Јавноста заслужува одговори. Во случај овие прашања да не допрат до Вас (како и претходно), јас, паралелно со мејлот испратен на електронската адреса contact@vmro-dpmne.org.mk, ќе ги објавам, па кога ќе имате време, одговорете ги – Џабир Дерала јавно го покани лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на интервју.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ