Вест на денот: ВМРО – ДПМНЕ со автомобилска парада протестира од Скопје до Штип
ВМРО – ДПМНЕ со колона автомобили на Денот на револуционерната борба на Македонија протестира од Скопје, до Штип. Протестите започнаа во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и завршија пред Собранието на Република Македонија каде се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На автомобилите, освен официјалните партиски ,државни и „антички“ знамиња, имаше и знамиња на ЕУ и САД. По говорот на Мицкоски пред Собранието на Северна Република Македонија, парадата продолжува во Штип.
Изјава на денот – Заев: Очекуваме Косово да се вклучи и во засилената регионална соработка
-Нашиот народ вели дека соседите не се бираат, но први притекнуваат на помош. Токму затоа очекуваме Косово да се вклучи и во засилената регионална соработка, која ја предводат Северна Македонија, Албанија и Србија, со цел, нејзиниот инклузивен карактер да биде приоритет за регионот, без разлика на отворените политички прашања. Следниот петок ќе имам состанок со претседателот Вучиќ и премиерот Рама, каде што една од точките ќе биде токму таа, со намера да испратиме и заедничка покана. Ова е секако во интерес на нашите граѓани, првенствено за имплементација не четирите слободи на Европската Унија во Западниот Балкан, слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал, а што ќе овозможи и побрза интеграција и усогласување со Европската Унија. Токму заедничкиот ангажман кој произлегува од самиот регион, ќе претставува силна додадена вредност за нашите европски перспективи и за веќе постојните иницијативи кои се во таа функција. Берлинскиот процес, и регионалниот совет за соработка, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев на заедничката прес конференција со премиерот на Република Косово, Авдулах Хоти.
Цивилни активности
ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Прилеп, Могила и Новаци.
https://www.facebook.com/pg/civil.mk/photos/?tab=album&album_id=3350745071710605&__tn__=-UC-R
ЦИВИЛ организира извонредно динамичен дводневен семинар овој викенд во Струга, во хотел „Београд“, во центарот на градот, на 24 и 25 октомври (сабота и недела) со почеток во 11 часот.
Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, максимум дваесет луѓе ќе учествуваат во семинар на кој ќе се стекнат со нови информации и вештини за учество во политичките процеси.
Политички видео магазин – СКЕН: Национализам – Од идеја за прогрес на државата, до зло на општеството
Флеш вести:
Влада– на вчерашната седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија.
Јавна покана -Џабир Дерала јавно го покани лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на интервју. Првиот дел од прашањата се објавени денеска на ЦИВИЛ Медиа, а вториот дел ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.
Меѓусоседство – Георгиевски за БГНЕС: Бугарија не бара промена на нашиот Устав или нов договор
Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација по повод избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
СЛОБОДНА ЗОНА
Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв дел)
-Уште еднаш, јавно Ве поканувам на интервју во било кој формат, во кое ќе дадете одговор на повеќе прашања од јавен интерес, а чиј број се наталожи. Јавноста заслужува одговори. Во случај овие прашања да не допрат до Вас (како и претходно), јас, паралелно со мејлот испратен на електронската адреса [email protected], ќе ги објавам, па кога ќе имате време, одговорете ги – Џабир Дерала јавно го покани лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на интервју.
Д. Тахири