• Latest

Филипче: Полициски час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитување на мерките за заштита

October 27, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Полициски час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитување на мерките за заштита

October 27, 2020 22:09
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на „Топ тема“ на Телма истакна дека смета дека полицискиот час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 и дека во оној момент кога тој ќе биде укинат, ќе продолжи ширењето на вирусот ако мерките што се носат и препорачуваат не се почитуваат.

„И да се препорача некаде целосна рестрикција на движењето, ако граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуват мерките истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи ни тоа не би било решение. Затоа ја пратиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да препорачаме затворање во некоја од општините ако има таква трансмисија, но засега нема. Затоа сметам дека овој пакет на мерки што го имаме заедно со оние законски измени во Собранието е така димензиониран за да може да функционираат граѓаните, а сепак да биде ставен приоритет на заштита на јавното здравје. Полицискиот час не е трајно решение. Таму каде што мерките не се почитуваат пак ќе има раст на бројките“, истакна Филипче.

Во однос на воведување препораки и засилени рестрикции во најзагрозените општини, Филипче рече дека за да се преземат одредени мерки не се важни само бројките, туку дека од големо значење се сите податоци кои се даваат во епидемиолошките анкети, од тоа каква е клиничката слика, дали се трансмисиите ограничени, дали станува збор за кластрери, па и податоци каде и како се заразиле.

„Бројката на новодијагностицирани пациенти од вкупните тестови не значи ништо, затоа што многу се битни епидемиолошките анкети. Каде се луѓето заразени, дали е ограничен кластер, во каква состојба се дали им треба хоспитализација“, рече Филипче и додаде дека податоците од тие анкети укажувале дека зголемената трансмисија е резултат на групирањата и оти заради тоа и вака се димензионираат мерките.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ