• Latest

Ди Џовани, УНИЦЕФ: Училиштата може да се затворат кога ќе нема други алтернативи

October 31, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ди Џовани, УНИЦЕФ: Училиштата може да се затворат кога ќе нема други алтернативи

October 31, 2020 12:07
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога земјата се соочува со зголемен број на заразени со Ковид-19 училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи, порачува Патриција ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија во писмена изјава до медиумите.

-Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија, вели Ди Џовани.
-Светските примери покажуваат дека почитувањето на засилените мерки за превенција во училиштата и навременото откривање и изолирање на случаите и нивните контакти, во повеќето ситуации, досега се покажа успешно во спречувањето на растот на бројот на новозаразени. Во земјава, според податоците објавени од Министерството за образование и наука од повторното отворање на училиштата се заразиле само 0,05 проценти од учениците и 0,6 проценти од наставниците што одат во училиште со физичко присуство. Ова укажува на фактот дека училиштата веројатно не се главниот двигател на ширењето на Ковид-19, особено кога во нив соодветно се применуваат пропишаните превентивни и заштитни мерки. Освен тоа, глобалните студии за рано моделирање сугерираат дека од сите мерки за социјално дистанцирање затворањето на училиштата не претставува значаен фактор кон намалување на пренесувањето на Ковид-19 во заедницата. Исто така, досегашните студии покажуваат дека кај децата под десет години е помал степенот на распространување на вирусот отколку кај поголемите деца, додава Ди Џовани.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ