Ризикот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска, вели министерот за здравство Венко Филипче во изјава за ТВ21.
-Тоа, како што додава, не се работи кои што се непознати, тоа науката го знае одамна. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијално човек кој што би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. И во таа смисла во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кои што не носат заштитна маска ризикот тука е исклучително висок.
Вчера со 1085 лица ковид-позитивни во земјата бројката на заразени вчера првпат надмина 1000. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во Скопје-447, во Струмица-80 и во Куманово-69.
Бројот на заболени бележи раст на целиот eвропски континент. Според податоците Ворлдметерс објавени вчера во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот изнесува 9 851 825. Како и во цела Европа и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.
Рекорден број заболени вчера забележани во Србија 1817 лица, во Бугарија 2891, во БиХ 1912, во Романија 6546, во Албанија 319. Во Хрватска вчера беа регистирани 2769 нови случаи, во Црна Гора 320, во Словенија 1796.












