• Latest

ЦИВИЛ јавно побара за извинување за навреда и клевета од Бобан Кочовски, член на раководството на Левица

November 6, 2020

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ јавно побара за извинување за навреда и клевета од Бобан Кочовски, член на раководството на Левица

November 6, 2020 12:10
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на Трудов Сектор на Левица и член на статутарна комисија на Левица, ЛО Велес, Бобан Кочовски, на 31 октомври, на својот Фејзбук профил, пишува статус со клевета и навреда кон ЦИВИЛ и нејзините членови.

Во продолжение, го објавуваме јавното обраќање од ЦИВИЛ до Кочовски во кое се бара извинување, кое истовремено е испратено и до Кочовски, како порака на неговиот Фејсбук профил од кој е објавена навредливата и клеветничка порака во која се препознава и експлицитен говор на омраза.

Почитуван,

Во врска со наводите изнесени во објавата на Вашиот Facebook профил на ден 31.10.2020 година, со наслов „ЦИВИЛ МЕДИЈА (фашизоиден портал)“, Ве известувам дека:

Со објавување на следните клевети и навреди:

–  „ЦИВИЛ МЕДИЈА (фашизоиден портал)“,

–  ‟ ….квази новинари кои што би ја продале сопствената мајка, само за да добијат по некоин долар повеќе!”

– ‟…. СЕКТА во Република Македонија која што е привезок на СДС изминативе десетина години”

– ‟…секташи за кои ништо не е свето, кои достоинството го продале на оној кој што понудил повеќе, се гнојот во нашево напатено општество. ”,

– ‟… вршат обуки во кои на младите лица, а неретко и на децата, им ги перат мозоците со нивините идеали … ” како и

– ‟….профитери северџански,

сериозно се нанесува штета на честа и угледот на невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода и нејзината организациона единица ЦИВИЛ МЕДИА, кои заради својата повеќегодишна професионална работа со објективно и непристрасно информирање, несомнено уживаат поддршка и углед во новинарскиот и медиумскиот сектор.

Исто така, сметаме дека со изнесување на ваквите клевети и навреди,  од Ваша страна, особено како член на Централниот Комитет на ЛЕВИЦА, го доведувате во прашање и угледот на Вашата политичка партија и нејзините претставници во Парламентот.

Во интерес на вистината и објективното информирање, имајќи го во предвид угледот и реномето на невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода и нејзината организациона единица ЦИВИЛ МЕДИА, а со цел да се спречат последиците на, од Ваша страна, објавените клевети и навреди, изнесени во објавата на Вашиот Facebook профил на ден 31.10.2020 година, со наслов „ЦИВИЛ МЕДИЈА (фашизоиден портал)“, бараме веднаш, а најдоцна во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на ова барање, да се извините и Вашето извинување, да го објавите на Вашиот Facebook профил, на ист начин и во ист обем како што беше објавaта под наслов „ЦИВИЛ МЕДИЈА (фашизоиден портал)“.

Во спротивно, ќе бидеме принудени заштитата на честа и угледот на Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода да ја остваруваме по судски пат.

Остануваме во очекување на објавување на Вашето извинување.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ