• Latest

Дали претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, е член на ДИК, или е само вработен таму?

November 6, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дали претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, е член на ДИК, или е само вработен таму?

November 6, 2020 11:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден, извесно лице од ДИК се јави во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, за да укаже дека насловот на објавениот текст што се однесува на истрагата од Обвинителството за гонење организиран криминал, за претседателот на ДИК, Оливер Деркоски и тројца членови  на комисијата за јавни набавки, за набавка на софтверот на последните избори.

Имено, од  ДИК ни укажаа дека не се работи за членови, туку за вработени во ДИК, и побараа да го смениме насловот кој гласеше „Четири членови на ДИК и сопственик на правно лице под истрага на ОЈО за злоупотреби при јавни набавки“, односно, дека тоа не се членови на ДИК, туку се вработени. Текстот што го објавивме на нашата медиумска платформа, беше преземен од друг медиум, со атрибуција, како што објаснивме и кај лицето од ДИК, а чиј наслов не е сменет до овој момент.

Ние го сменивме насловот, како што побараа од ДИК, во име на коректност и соработка, но, останува прашањето до одделот за комуникации со јавноста во ДИК, дали претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, е член на ДИК, или, како што посочија од ДИК, е само вработен во истата?

Во текот на вчерашниот ден, Обвинителството по пријава од организиран криминал на МВР поднесе пријава против претседателот на ДИК Оливер Дерковски, тројца членови на комисијата за јавни набавки во ДИК и сопственик на една фирма.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски кој е осомничен во новата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал вели дека постапката за набавка на софтверот што се користеше на последните избори кога „падна“ системот на којшто се гледаа гласовите, била спроведена на најтранспарентен начин.

„Не би ја коментирал истрагата затоа што не сакам да го оштетам процесот. Во изминатиот период, за прв пат во ДИК, сите постапки за јавни набавки за организација на изборите се спроведени на потранспарентен начин“, изјави Деркоски, претседателот на Државната Изборна Комисија.

„Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната изборна комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка, ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ