• Latest

Преглед на настани: Задолжително пензионирање на 64 години, утре конференција на ЦИВИЛ, драфт верзија за прогласување недела за неработен ден

November 18, 2020
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Преглед на настани: Задолжително пензионирање на 64 години, утре конференција на ЦИВИЛ, драфт верзија за прогласување недела за неработен ден

November 18, 2020 17:12
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Усвоена потребата за донесување законско решение за задолжително пензионирање на 64 години

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска во прво читање расправаше по измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници. Комисијата ја усвои потребата за донесување на едно вакво законско решение, а пред второто читање треба да се одржи расправа со вклучување на сите засегнати страни, за да се чујат нивните мислења.Според анализите кои ги направиле предлагачите во координација со Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6000 лица.

Но, како што појаснуваат, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано  продолжување на работниот однос. Со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано. 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

На конференцијата на ЦИВИЛ ќе се говори за единство на идеите и акциите, зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

ЗЕЛЕНИТЕ ДОАЃААТ 2020 – Конференција за зелени вредности, социјална правда и антинационализам, четврток, 19 ноември 2020, почеток во 12 часот.

„Зошто зелено? Единство на идеи и акции: зелени вредности, социјална правда и антинационализам – нов пристап“ е само еден од насловите на четирите сесии на Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“. ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, организира голема конференција која ќе се одржи утре, четврток, 19 ноември во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.

На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија. На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, проф. Мирјана Најчевска, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и четворица претставници на ЦИВИЛ – Петрит Сарачини, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

ПРИЈАВА ЗА ОНЛАЈН УЧЕСТВО

Алаѓозовски: Негувањето на меѓуетничките односи нема алтернатива

ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.

Има само пет инспектори на ниво на Град Скопје. За наредната година, со оглед на големата бројка на инсталации што ја имаме на терен, имам антиципација за осум нови луѓе, но и со нив најверојатно нема да се заврши целосно работата, рече в.д. директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска.

Министерството за труд и социјална политика веќе ја изготвило драфт верзијата на законското решение за прогласување недела за неработен ден и ја доставило до министерствата и до Владата.

Членовите на Државната изборна комисија денеска извршија жребување за редоследот на кандидатите на локалните избори во Штип и Пласница, а имајќи ја предвид го предвид секојдневното зголемување на бројот на лицата со Ковид-19 и во самоизолација тие ја потенцираа потребата од доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по денешната средба во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда.

Уставните судии со пет гласа „за“ и три против на денешната седница донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

СЛОБОНА ЗОНА

„Како и да го завртиш, од кој кат и да го фрлиш, со која кофа на помија и да го потуриш, со каква квалификација и да го навредиш – Заев ќе се дочека на нозе и ќе продолжи да пропагира гушкање и со оние кои најмногу го мразат. Не знам кој ќе ме разбере, но ме потсетува на бесмртната Тојота Хилукс од ултимативните тестови за издржливост на Џереми Кларксон во „Топ гиар“: ја удираа во дрва, ја потопија во море, ја запалија, ја ставија на покривот од зграда што ја дигнаа во воздух… И само малку клемите да ѝ ги притегнеш, па пали-вози!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Деветте животи на Заев“.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share52Tweet33Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ