• Latest

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема

November 27, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема

November 27, 2020 09:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето  карантин, бидејќи цени дека тоа би имало тешки последици врз локалната економија на Гостивар, но, како лекар, смета дека воведувањето ваква рестриктивна мерка е неопходна, пренесува МИА.

– Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бара заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, рече вчера Јованоски.

Одговор, нагласи, се очекува за еден ден, а во меѓувреме се засилуваат локалните мерки, прво за помош на медицинскиот персонал во инфективното одделени, каде од денеска како што најави ќе ротираат тимови од матичните лекари во две смени.

Гостиварскиот градоначалник Таравари вчера порача дека има дилема која се создава од функцијата градоначалник и професијата лекар.

-Како градоначалник не сум за карантин единствено заради финансискиот опстанок на граѓаните. А како лекар недвојбено е и јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар. Нашата општина нема големи фабрички капацитети, тука луѓето егизстираат од мали бизниси, дуќани за трговија, кафулиња и работниците главно заработуваат на дневници. Би било погубно тие бизниси да се затворат на еден месец, бидејќи ние немаме државни резерви за такви намени, рече Таравари.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, најави дека од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството за справување со пандемијата.

Во последните 24 часа направени се 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19. Починати се 30 лица на возраст од 39 до 84 години, сите во болнички услови, а оздравени се 1094 пацинети.

Од новозаразените со Ковид-19, 472 се од  Скопје, по што следат Битола со 87, Прилеп 78,  Тетово со 61, Куманово 58,  Охрид -47, Штип-43, Струмица-39, Струга-29, Кавадарци и Велес по 32, Кичево-26, Гостивар-22, Свети Николе и Ресен по 17, Кочани-15, Делчево-12, Неготино-11,Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 10, Берово-9, Крива Паланка-6, Валандово-5, Виница, Дебар, Кратово, Радовиш и Крушево по два, Пехчево и Гевгелија по еден.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.
Во Скопје 10039 активни случаи од кои најголем дел 1488 се од Гази Баба по што следат Аеродром со 1460 и Кисела Вода со 1235. Во Прилеп има 1040 активни слуачи, Тетово, 977, Куманово 940, Гостивар 856, Битола 839,….

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1314 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има. Вчера се отвори и ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од Хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена.

Вкупно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники – Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допополнителни 110 кревети има во ГОБ „8 Септември“, а 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица лежи 81 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот.

Тестирање со брзи антигенски тестови од вчера се врши и во здравствените домови во Битола и Делчево, а претходно е почнато во општите болници во Кочани и Кавадарци и  здравствените домови во Велес и Куманово.Од понеделник ќе почне и во Центарот за јавно здравје во Битола. Досега, на девет локации во земјава, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ