Во Србија во последните 24 часа се потврдени 6.179 нови случаи на заразени со коронавирус од вкупно 15.508 тестирани, а во истиот период од Ковид -19 умреле 65 лица.
Во моментов, во болнииците се сместени 7.256 пациенти, а 252 од нив се на апарати за дишење.
До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата умреле вкупно 1.549 лица, соопштено е на владината веб-страницата covid19.rs.
Во Косово во изминатото деноноќие се регистрирани 16 умрени и 626 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 673 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, вкупната бројка на жртви на пандемијата во земјата надмина илјада, односно достигна 1.005.
Вкупно од појавата на вирусот, досега се евидентирани 39.057 заразени од новиот коронавирус, додека болеста ја совладале 24.427 лица.
Активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.625 случаи.
И во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 98 лица, а намален е бројот на новозаразени, со потврдени 1.193 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 603 пациенти.
Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 104.227 случаи, а почина 2.321 лице.
Нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќе, кога и процентот на заразени од направените тестови е највисок.
Според Министерството за здравство и социјална заштита направени се 2.253 тестирања, при што опасниот вирус е дијагностциран кај 835 лица, што е 37 отсто од тестираните.
-Во измнатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 329, додека битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, сите во болнички услови. Зголемен е бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во трите ковид болници се третираат 482 пацента, што е највисока бројка до сега, информираше министертвото.
Ј. Ѓ.