• Latest

Во Србија последниве 24 часа како последица од Ковид-19 починале 65, во Грција 98 лица

November 29, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија последниве 24 часа како последица од Ковид-19 починале 65, во Грција 98 лица

November 29, 2020 18:36
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 6.179 нови случаи на заразени со коронавирус од вкупно 15.508 тестирани, а во истиот период од Ковид -19 умреле 65 лица.

Во моментов, во болнииците се сместени 7.256 пациенти, а 252 од нив се на апарати за дишење.

До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата умреле вкупно 1.549 лица, соопштено е на владината веб-страницата covid19.rs.

Во Косово во изминатото деноноќие се регистрирани 16 умрени и 626 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 673 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, вкупната бројка на жртви на пандемијата во земјата надмина илјада, односно достигна 1.005.

Вкупно од појавата на вирусот, досега се евидентирани 39.057 заразени од новиот коронавирус, додека болеста ја совладале 24.427 лица.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.625 случаи.

И во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 98 лица, а намален е бројот на новозаразени, со потврдени 1.193 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 603 пациенти.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 104.227 случаи, а почина 2.321 лице.

Нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќе, кога и процентот на заразени од направените тестови е највисок.

Според Министерството за здравство и социјална заштита направени се 2.253 тестирања, при што опасниот вирус е дијагностциран кај 835 лица, што е 37 отсто од тестираните.

-Во измнатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 329, додека битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, сите во болнички услови. Зголемен е бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во трите ковид болници се третираат 482 пацента, што е највисока бројка до сега, информираше министертвото.

Ј. Ѓ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ