Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, продолжува и утре, 2 декември, со панел дискусија на тема „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“, во хотел Парк Резиденс со почеток во 15 часот..
На панелот како говорници ќе учествуваат Јасмина Никуљска од Министерство за култура, Оливер Белопета, Скопје џез фестивал, Ирена Стеријоска, актерка, Никола Наумоски од Град Скопје и Трајко Симоновски, музичар, Здружение на музичари „Музика сега“.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство и ќе трае најмногу 1 час и 20 минути. Панелот ќе се пренесува во живо на ФБ страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.
За време на дискусијата, модераторот ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесува до учесниците во дебатата и ќе ги очекува и вашите размислувања и ставови.