пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Димче постојано чури за политичарите Албанци… денес му смета Бујар Османи. Пред некој ден тема на тапет беше Артан Груби и фејк њузот „бубрег и жута куќа“. Па правеше спектакл со дерење на седница кон Талат Џафери, ги џвакаше и Села, Таравари, Беса…
Како и со другите му омилени непријатели, така и со Албанците, Димче секогаш чури налепувајќи се на некоја популарна магла или „тема“ на денот, создадена во пропагадистички штапски подруми, која ја збогатува со неговите „стручни“ коментари од два реда полни омраза и навреди, кои потоа ги шири масовно подрумската војска, а на кои аплаудираат и стискаат палци насилниците, мразачите, национал-шовинистите, па и будалите и сеирџиите на социјалните мрежи.
Димче на една ТВ емисија на национална телевизија прочури дека он би го укинал високото образование на „малцинствата“, а и средното образование да му ти било одвишок, си пропелтече на крај на тој исказ.
Димче чури – а сака „чиста“ Македонија.
Можеби ви изгледа чудно, но досега ниту една партија на Албанците немала ниту една јавна реакција на провокациите на Димче. Попусто со години се мачи да го признаат како непријател, долева бензин за поттикнување меѓуетничка омраза, а тие не го есапат. Дури ни оние што едвај чекаат кавга за да се јачаат пред „своите“ патриоти.
Еее мој Димче Тарзанче, остај Мицко што те замолча на протести и ти ги презема, ни на пазарот на потпалувачи не вредиш пет банки!
#SledeTene
#DimcheTarzanche
#LevaRukaDesniDzep
#AluminiumOverMaximum
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.