• Latest
Добро утро со Орданоски

Протестните дебакли на ВМРО-ДПМНЕ

December 2, 2020

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Протестните дебакли на ВМРО-ДПМНЕ

December 2, 2020 07:39
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Зошто се протестите што ги организира опозицијата редовно многу слабо посетени, предвидливо здодевни, политички бледи и тотално непродуктивни?

Има неколку можни одговори за тоа.

Прво, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, колективно, е веројатно со најнизок степен на углед и легитимитет меѓу членството, но и во пошироката јавност, во последните 30 години. Дополнително, таа партија секогаш тежнеела кон харизматични лидери, а Мицкоски има врска со харизма колку филе од скуша во конзерва со масло од соја. Треба уште многу лимон, малку нане и бибер, сол по желба и половина литар олив-оил за, откако ќе се изгаси светлото, да почне да глуми порција лосос… Па и со толку дополнителен мастраф, опозициското членство (а и јас!) повеќе милува десетка со кромид и пиво.

Не е Мицкоски можеби ни виновен за тоа: од една страна, лидерот на опозицијата природно не поседува лидерска харизма, бидејќи неговиот политички стил е премногу професорски, церебрален, екс-катедра интелектуален, ужива да ги победи противниците со остроумност, а не со шарм и енергични уверувања.

Мицкоски е класичен лидер кој би бил подобар за на квиз, одошто за на митинг. Оние околу него не ги бива ни за во крстозбор.

Добро, немаше ни Груевски никаква природна лидерска харизма, но тоа го компензираше со огромниот, скап пропаганден апарат што околу него, упорно и долготрајно, градеше цел „Кинески ѕид“ од недопирливост, чесност, технократска способност, работливост… И страв! Па и тоа се сруши како кула од карти.

Во случајот на Мицкоски, она што остана од партиската пропаганда, него рутинирано го отсликува таков каков што е: нервозен политички калкулант кој се бори да ја сочува подарената партиска функција. Но, дури и во пропагандата има граница до која секој нов пораз може уверливо да се претставува како победа. Во самата партија многу луѓе велат дека таа граница одамна е помината.

Во алан-фордовската „цвеќара“ на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски беше агилниот, без чувство за хумор, Боб Рок; неговиот наследник Мицкоски го игра германскиот авио-механичар Ото фон Грунф кој со својата политичка неснаодливост ги демотивира дури и непријателите. „Подобро нешто од ништо, одошто ништо од нешто!“, што би рекол Грунф.

Втор централен проблем е, сепак, политиката. Во неа нема ништо ново, сè е сто пати повторено, катастрофа и катаклизма во неограничени количества, националистички флоскули потопени во реки пролеани патриотски солзи, без никаква одржлива визија или конструктивен придонес по најголем дел од политиките во државата. Впечаток е дека тешко ја кријат радоста за секој национален неуспех. Секој успех, пак, е резултат на некаква компликувана антимакедонска конспирација.

Сепак, за поголема поддршка, очигледно, не е доволно постојано да прогласувате дека ништо не чини. Смачено им е на луѓето секој ден да ги каните на национален погреб, а животот да им се претвори во катадневна погребна поворка на еден ист починат. И најдебелите свеќи одамна се истопија.

Опозициското блокирање на работата на Собранието можеби ја нервира власта, но ја разочарува и пошироката непартиска јавност која, во услови на здравствена криза, сака редовно функционирање на институциите, а не стопирање на нивната работа. Истото важи и за секојдневните повици да се блокира сообраќајот во Скопје и во поголемите градови, бидејќи стотина луѓе, предводени од Мицкоски, решиле да ја срушат власта пред Нова година! На сите негде им се брза, не само на опозицијата.

Резултатот од сето ова е протестите на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе да наликуваат на импровизација, про-форма опозициска активност, дозволена со закон и нормална во демократска држава, но без план и јасна стратегија што е нивната точна цел, освен најопштата имагинација еден ден да се вратат на власт. Затоа и личат тие протести на некакво нивно внатрепартиско „купување време“, меѓуфракциско „покажување мускули“, додека не си ги расчистат меѓусебните сметки. Без каков било посериозен општ ефект.

Надвор е сè постудено, дождливи денови се најавуваат. Треба да се чува општиот имунитет во ова лошо вирусно пандемиско време.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ