• Latest

(ВИДЕО) Сашо Орданоски: Меѓуетничките односи секогаш биле и ќе останат на врвот на интересот на политичката и општествената заедница

December 4, 2020
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) Сашо Орданоски: Меѓуетничките односи секогаш биле и ќе останат на врвот на интересот на политичката и општествената заедница

December 4, 2020 19:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сашо Орданоски, политички аналитичар, во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“, укажува на влијанието на политичките, особено во изборен контекст на тоа какви се или ќе бидат меѓуетничките одности во нашата земја.

Како што се знае долги години, па и децении, меѓуетничките односи беа главниот избор за добивање гласови на изборите во Македонија што претставуваше силен поттик за партиите особено оние со националистички агенди да пред секои избори, а такви имаме ние речиси секоја година, што редовни што вонредни, да ги поттикнуваат меѓуетничките односи бидејќи носеа во нивните етнички кампови одреден број на гласови.

Сега, со ставањето на една друга тема на агендата како што е едно општество за сите, без разлика дури и колку успешно тоа се развива, а тоа е и една од ризиците меѓуетничките односи повторно да се вратат на сцената, но со правењето и на предизборните меѓуетнички коалиции каде што ние прв пат во историјата на Македонија добивме меѓуетничка коалиција која е формирана со јасна програма пред изборите, некако се испумпаа оние теми кои што беа помалку и вештачки наметнувани, се разбира, вон неопходноста за тие односи да се разговара кога има реални проблеми. Така што во овој момент, ситуацијата во Македонија е прилично опуштена во таа смисла, а меѓуетничките односи секогаш биле и ќе останат на врвот на интересот на политичката и општествената заедница, бидејќи нивното разнишување на тие односи, манипулацијата со тие теми и така натаму, секогаш е многу лесно, може релативно брзо да се создадат одредени политички тензии, бидејќи во Македонија сеуште егзистираат одредени културни, политички стереотипи, одредени политики од кои што важни актери па и поединечни политички кариери црпат теми за своето авансирање на политичката сцена.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.

#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity

Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.



Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ