• Latest

Активни 21 678 случаи со Ковид 19, во центрите има слободни места, вакцината стигнува во првите месеци од 2021 година

December 8, 2020

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Активни 21 678 случаи со Ковид 19, во центрите има слободни места, вакцината стигнува во првите месеци од 2021 година

December 8, 2020 09:42
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
Нови 365 случаи на Ковид-19 се регистрирани во текот на вчерашниот ден со што бројката на вкупно активни изнесува 21 678. Во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјата се лекуваат 1 348 пациенти, слободни се 180 кревети. Се регистрираат и оздравени пациенти, во вчерашниот ден во статистиката има 1059, а надлежните вакцината ја најавуваат за првите месеци од 2021 година, пренесува МИА.

Вчера се направени се 947 тестирања, регистрирани се 365 нови случаи, од кои најмногу во Скопје се 126. Починати се  25 лица во текот на вчерашниот ден, дванаесет пациенти се од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61 година), еден од Куманово (67), тројца од Прилеп (73, 85 и 81), еден од Струга (81), двајца од Битола (47 и 74), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85), еден од Делчево (87) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останати се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 68 332, бројката на оздравени пациенти е 44 705, на починати е 1 949, а бројот на активни случаи изнесува 21 678.

Во центрите во болниците низ земјава, како што беше соопштено вчера, е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид – центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во ковид-центрите во Скопје, според информациите од вчера, за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент.

Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид – центарот на Клниката за неврологија, еден болен е хоспитализиран на ОРЛ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и девет пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 27 болни.

На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни. Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, вчера изутрината до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Вакцинацијата се најавуваа за следната година. Вакцините, како што соопштија од Министерството за здравство, треба да стигнат во првите месеци од 2021 година. Здравствените домови почнуваат со подоготвки за процесот на вакцинација.

Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, со што, како што наведоа од владината прес-служба, се потврдува намерата на Министерството за здравство за учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.

Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000 денари, од кои 69.722.000 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19.

– Програмата предвидува измени во делот за финансиски средства, како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс-механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 вакцини – дози за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација, информираше Министерството за здравство.
Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно со планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, Испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и во земјите од регионот – Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија.
Првата испорака на вакцини се очекува во првите месеци од 2021 година, а за тоа како ќе се одвива процесот, односно чување, дистрибуција, начин на апликација, закажување, завчера беа информира директорите на здравствените домови на состанок со министерот за здравство Венко Филипче.
Ризичните групи, со голем ризик за Ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинирани и за нив вакцинацијата е високо препорачана, но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинира. За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, а секој здравствен дом ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага, како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ