• Latest

Правда и владеење на правото, прва сесија на конференцијата на ЦИВИЛ, со учество на министерот Маричиќ

December 9, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Правда и владеење на правото, прва сесија на конференцијата на ЦИВИЛ, со учество на министерот Маричиќ

December 9, 2020 16:10
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тема на првата сесија од конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна станица: Европа“ е правдата и владеењето на правото. Учесници се Министерот за правда, Бојан Маричиќ, универзитетскиот професор Александар Спасов и претставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој воедно ќе биде и модератор.

Состојбите во правосудството, стратегијата за прочистување, реформите, дали има остатоци од Сваровски судството, дали (ќе) има правда во нашата земја, дали македонските институции имаат капацитет да се борат против хибридните закани? Што ќе се преземе на политички, правен и општествен план за да се санираат тешките последици од дејствувањето на овие лица наведени во Студијата… се дел од прашањата на коишто ќе се обидат да одговорат учесниците на првата сесија од конференцијата „Следна станица – Европа“, со наслов „Правда и владеење на правото“.

„Северна Македонија е во деликатна фаза на својот евроинтеграциски пат. И во претходниот и во сегашниот мандат, Владата покажува отвореност кон јавноста и граѓанското општество, а овие денови се навршуваат и 100 дена Влада во новиот мандат. Со оваа конференција ќе се отворат главните прашања во домените на правото и правдата, како и во борбата против корупцијата. Истовремено, ќе направиме обид со конференцијата да започнеме релевантна дискусија за овие прашања во јавноста, наспроти сегашните дневнополитички и теснопартиски надмудрувања на социјалните мрежи. Ова се теми за кои мора да се разговара отворено, со такт и со стратешки и стручен пристап, не со популизам, својствен за еден дел од политичките партии во земјава“ – изјавуваат од организацискиот тим на ЦИВИЛ.

Настанот се организира во рамките на Фестивалот на слободата (25 ноември – 11 декември), а во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), во организација на ЦИВИЛ. Во временскиот период на одржување на Фестивалот, влегуваат и Меѓународниот ден на правата на лицата со посебни потреби (3 декември) и Меѓународниот ден на борбата против корупцијата (9 декември).

Конференцијата е дел од проектот „Европа е наш дом“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фестивалот на слободата е мултимедијален настан во рамките на проектот „Граѓански објектив“, поддржан од National Endowment for Democracy (САД), како и од Програмата Цивика Мобилитас, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Конференцијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ кој ги поканува медиумите и сите заинтересирани да ја следат и слободно да преземаат содржини кои произлегуваат од конференцијата.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ